1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Трамп бара воздржаност од Ердоган

ЖА / агенции
25 јануари 2018

Американскиот претседател побарал од својот турски колега ограничување на турската воена офанзива во северносирискиот регион Африн и избегнување можни провокации за конфронтација на американски и турски војници.

https://p.dw.com/p/2rTm7
Syrien Von der Türkei unterstützende Syrischen Rebellen
Фотографија: Getty Images/AFP/N. Al-Khatib

Американскиот претседател Доналд Трамп, во телефонски разговор со својот турски колега  Реџеп Таип Ердоган,  побарал деескалација и ограничување на турските воени операции во Сирија, соопшти претставник на Белата куќа синоќа. Турција мора да се погрижи да се избегнуваат цивилни жртви и да не се зголемува бројот на бегалците. Трамп од Турција побарал и да се воздржи од секакви акции кои би можеле да провоцираат „конфронтација помеѓу турските и американските војници“. Задачата на САД и на Турција е концентрирање на заедничката цел, трајно онеспособување на џихадистичката терористичка милиција Исламска држава, истакнал Трамп.

Повеќе на темата: 

Турска инвазија во Сирија: Напад врз најсилното оружје против ИД

Со германски тенкови на Курдите

Изминативе денови американската влада во повеќе наврати упати повици до Анкара за воздржаност при воените операции во северниот дел од Сирија. Турската војска, без оглед на тоа, со несмален интензитет ја продолжува воената интервенција наречена „Маслиново гранче“. Ова е првпат за темата директно да разговараат Трамп и Ердоган.

Турската воена офанзива е исклучително опасна во поглед на односите помеѓу Анкара и Вашингтон. Операцијата е насочена против единиците на курдските борци, ИПГ, во кои Анкара гледа огранок на во Турција забранетата Курдска работничка партија, ПКК, а со тоа и терористичка организација. САД пак ги поддржуваат ИПГ-борците во борбата против Исламска држава, снабдувајќи ги и со оружје. Кооперацијата придонесе за потиснување на џихадистите од северниот дел на Сирија.