1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп ги отпушта „непослушните“ функционери

Ж.А. /агенции
31 јануари 2017

Американскиот претседател Доналд Трамп не се откажува од својот спорен декрет за забранет влез на државјани од муслимански земји, на удар се критичарите против него.

https://p.dw.com/p/2WhDv
USA Weißes Haus Trump beim telefonieren
Фотографија: Reuters/J. Ernst

Доналд Трамп не се грижи за отпорот и реакциите кои ги предизвикува, пресметувајќи се со критичарите: по американската генерална обвинителка и вршител на должноста министерка за правда, Сели Јејтс, американскиот претседател го отпушти и вршителот на должноста раководител на Службата за доселување и царина, Даниел Регсдејл. Двајцата припаѓаат на претходната влада на Барак Обама.

Трамп ја обвини Јејтс за предавство

„Актуелната министерка за правда Сели Јејтс изврши предавство кон Министерството за правда, одбивајќи спроведувањето на указ за заштита на граѓаните на САД“, соопшти Белата куќа. Поради тоа, „претседателот ја ослободи Јејтс од нејзините должности“. Јејтс ја стави под прашање правната издржаност на декретот на Трамп, со кој се забранува влез во САД на бегалци и на државјани од седум претежно муслимански земји. На своите соработници таа им дала налог да не го бранат декретот пред судовите. Јејтс беше замолена од страна на новата администрација да продолжи да ја врши должноста додека Сенатот да даде виза за новиот министер за правда и генерален обвинител, Џеф Сешнс. За нов вршител на должноста на овие функции Трамп сега привремено го назначи Дејн Боент, кој ги стави веднаш вон сила инструкциите на Јејтс.

USA Seattle Generalstaatsanwalt Bob Ferguson
Бпб ФергусонФотографија: picture-alliance/AP Photo/T.S. Warren

Трамп не попушта

Доналд Трамп во петокот потпиша декрет со кој државјаните од Ирак, Иран, Јемен, Либија, Сомалија, Судан и Сирија не можат да добијат влезна виза во следните 90 дена. Погодени се и граѓани на ЕУ со двојни државјанства од овие држави. Истовремено, на сите бегалци им е забрането доаѓање во САД во следните 120 дена, а на сириските - на неодредено време.

Американскиот претседател не покажува никаква загриженост поради револтот, бесот и хаосот предизвикани од овие одлуки. Со неговиот декрет сѐ тече добро, потенцираше тој преку Твитер. 

Во меѓувреме, Вашингтон е првата американска сојузна држава која декретот на Трамп го носи пред суд. Генералниот обвинител на Вашингтон Боб Фергусон изјави дека доколку постапката пред суд во Сиетл заврши со победа, декретот на Трамп ќе биде неважечки во целата земја.