Трамп и Путин- увертира

Русија и САД имаат дипломатски односи веќе 25 години- иако во моментов се прилично студени. Идниот претседател на САД има намера да ги одмрзне. Русија, меѓутоа, би можела да игра двојна игра.

Трамп го окарактеризира претседателот Путин како „многу паметен“. Тоа се случи откако Путин одлучи да не воведе никакви контрамерки поради протерувањето на 35 руски дипломати од САД. Трамп и пред тоа повеќепати изрази воодушевување од рускиот претседател и од неговата авторитарна политика и стил на владеење. Тоа разлути многу луѓе во САД.

Но, во очите на многумина, уште поголема тежина има изјавата на Трамп дека сака да соработува со Русија во борбата против тероризмот, вели Себастијан Фејок, научен соработник во Германското друштво за надворешна политика, тинк-тенк организација со седиште во Берлин. За Трамп најголемата опасност, кога станува збор за исламистичкиот терор, доаѓа од Сирија. Таму на т.н. Исламска држава треба да ѝ се одземе тлото под нозете, рече идниот претседател на САД.

„Сегашната влада на чело со Барак Обама одби да соработува со Русија, бидејќи рускиот претседател, неосврнувајќи се на загубите, го помага сирискиот режим“, вели Фејок. Трамп уште за време на предизборната кампања јасно се дистанцираше од владата на Обама. „Врз основа на изјавите на Трамп може да се заклучи дека веројатно му е сѐ едно со кои методи Русија ја поддржува сириската војска“. За Фејок тоа значи дека повторно ќе бидат обновени билатералните односи. Да потсетиме: тоа го сакаше и Обама кога стапи на должност. Неговата тогашна министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во 2009. година симболично го притиснаа копчето „ресет“. Тоа не донесе многу.

Доналд Трамп сака сѐ да прави поинаку. Тој е човек кој прави зделки, како што самиот вели, а Путин е истотака заинтересиран за добар „дил“, па, вели, тие двајца ќе се договорат. Како и на многу други политички полиња, за јавноста е целосно нејасно дали Трамп воопшто има план. Веќе е јасно оти има намера Рекс Тилерсон да биде министер за надворешни работи. Шефот на нафтениот концерн „Ексон“ има тесни контакти со Кремљ. Магазинот „Шпигел“ дури го нарече „ополномоштеник за Русија“.

Реториката на Трамп во врска со Русија предизвика непријатност кај политичките коментатори во САД, вели политикологот Фејок. „Велат дека тој би можел да биде трет американски претседател по ред, кого претседателот Путин го влече за нос и оти на крајот Русија ќе ги измами САД.“

Нема да излезе на добро

Слична опасност гледа и Фолкер Вајксел, уредник на весникот „Источна Европа“. „Денот на раскол ќе дојде“, предвидува Вајксел. Тој смета дека личните пријателства немаат големо влијание врз политиката. „Можно е да доживееме кус огномет на зближување, но тој брзо ќе се угаси.“

Според мислењето на Вајксел, досегашните изјави на двете страни не би требало да се сфаќаат премногу сериозно. Тој вели дека се поважни структурните фактори- а двете земји ќе останат во меѓусебна конкуренција. Бидејќи, режимот околу Путин на внатрешен план се легитимизира со антиамериканизам: „Перманентно се создава слика на непријател, да изгледа дека САД нѐ напаѓаат и ние мораме да се браниме, САД се виновни за сѐ- за пропаста на Русија, за лошата економска ситуација... Тоа ни со Трамп нема да се промени.“

Тоа што Путин позитивно се изрази за идниот претседател на САД, Трамп, не е во противречност со ништо, вели Вајксел, бидејќи реториката кон светот е сосема поинаква од онаа внатрешно-политичката. Сѐ додека Трамп најавува работи кои се во интерес за Русија- како што е намалувањето на влијанието на САД во Источна Европа- нема да штети да се фали Трамп. На својата годишна конференција за новинари во декември, Путин за идниот претседател на САД рече: „Никој не веруваше во неговата победа- освен ние тука.“

Вајксел може да замисли дека нареден руски чекор ќе биде тестирањето како Трамп ќе се однесува кон балтичките земји. „Во моментот кога Трамп ќе повлече црвена линија, привидното приближување ќе заврши“. Одлучувачко е она што ќе се случува дотогаш.

Соло-акција на Трамп не е реална

Доналд Трамп како претседател не може сам да одлучува како ќе изгледа неговата надворешна политика кон Русија. А со приближувањето кон Русија, тој ќе се постави против својата партија. Некои републиканци веќе се долго сенатори и не зависат од волјата на Трамп, вели Фејок. За нив сликата за Русија е изградена и во најголем дел е критична.

Џон Мекејн и Линдзи Грејем се такви сенатори. Двајцата енергично се залагаат за формирање на анкетен одбор кој би требал да ги испита активностите на руските тајни служби за време на предизборната кампања. Мекејн за „Фокс њуз“ изјави дека Конгресот на САД мора да ги „заостри санкциите против Русија поради тоа однесување“. Со тоа овие двајца сенатори јасно му се спротиставија на Трамп, вели политикологот Фејок. Трамп го доведува во прашање руското мешање и смета дека анкетен одбор би бил непотребен.

Споменатите сенатори во изминативе денови беа на турнеjа по балтичките земји, Грузија и Украина, за да им порачаат на овие земји дека САД ги поддржуваат- и покрај зближувањето на Трамп со Русија. Мекејн побара перманентно воено присуство во балтичките земји и на Украина да ѝ се прати оружје за борба против проруските бунтовници на истокот на земјата.

„Според ова се гледа оти Конгресот во идната ориентација на политиката на САД кон Русија ќе биде на курс на конфронтација со претседателот“, смета Фејок. Дури и ако Трамп ги укине санкциите кон Русија, Конгресот би можел да донесе свои санкции и да го блокира претседателот со други методи, на пример, да му скрати некои сретства од буџетот и да го принуди да ги потроши парите на одредени мерки.“

Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха

Сексуален напад

Карикатурата на хамбуршкиот уметник Ленарт Гебел го обиколи светот за кратко време. Една агенција од Лос Анџелес поажа интерес за печатење на неговото дело на маици. Уметникот е среќен поради успехот и е сигурен дека и во иднина Трамп „ќе си дозволи“ одредени работи кои ќе послужат како мотив за него и останатите колеги од целиот свет.

Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха

Фризура број еден

Косата на следниот претседател на САД беше инспирација за многу шеги. Пред неколку месеци во јавноста излезе видео на кое е прикажана „фармата на Трамп“ за перики. Всушност, стануваше збор за поле со сено во Норвешка. Косата на Трамп исто така добро стои и на кокпитот на претседателскиот авион.

Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха

Африканска перспектива

„Имајќи ја предвид омразата на Доналд Трамп кон црнците ќе ја напуштиме земјата. Тој може да прави што сака со неа“ вели оваа карикатура од Абдулкарим Баба Амину, познат културен критичар, новинар и илустратор од Нигерија.

Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха

Дамата Слобода чука на вратата на Канада

Во паника и со загрижен поглед во очите, „Дамата Слобода“ чука на вратата на соседот - Канада. Карикатуристот Угрек ја црташе симбиличната фигура во многу различни анти Трамп карикатури.

Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха

Без религиски бариери

Карикатуристот Гадо е еден од најпознатите илустратори во Африка. Тој во својата карикатура се осврнува на едно од ветувањата на Трамп во предизборната кампања кое гласеше: „Ветувам дека ќе го зачувам христијанството“. На карикатурата е прикажано како тој распнува муслиман на крст.

Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха

Секој може да биде претседател

Белгискиот артист Лектр креираше многу различни карикатури за Трамп. Оваа покажува дека за 8 години, идејата дека „Секој може да биде претседател“ се смени од оптимистичка мисла во причина за очај кај многумина.

Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха

Агресивни графити

Погрдно претставување на Трамп веќе може да се забележи во Барселона. Шпанија, исто така, беше шокирана од неочекувааниот успех на републиканскиот кандидат „Невидената популарност и избирањето на њујоршкиот магнат ја остави половина планета без зборови“, напиша колумнист за шпанскиот весник Еј Пај.

Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха

Куп од измет

Куп од измет околу кој кружат муви. На овој начин уличниот уметник Хенски го доживеа претседателскиот кандидат Донaлд Трамп уште пред да биде номиниран од републиканците. „Портретот“ од август 2015 година беше исцртан на ѕид од еден познат трговски центар во Њујорк.


Следете нѐ