1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп не е подготвен на компромис

ЕМФ / дв
26 декември 2018

Американскиот престедател Трамп е во судир со опозициските демократи и се противи да го потпише законот за буџет, доколку со него не се предвидат пари за изградба на ѕид кон Мексико.

https://p.dw.com/p/3Adpi
USA Haushaltssperre wird über Weihnachten verlängert
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Scott Applewhite

Владиниот апарат во САД и натаму делумно не работи. Претседателот Доналд Трамп сака изградба на ѕид кон Мексико по секоја цена и не покажува никаква подготвеност да му стави крај на застојот, односно т.н. „шатдаун“ сѐ додека демократите не попуштат.

Претседателот смета дека владините службеници за тоа имаат разбирање. „Мислам дека сфаќаат што се случува“, изјави Трамп, додавајќи дека и владините соработници сакаат обезбедување на границата и дека тоа го сака целото население. Само демократите се против, смета Претседателот.

Трамп нагласи дека не знае кога ќе заврши „шатдаунот“, но додаде и дека нема да има крај ако нема ѕид кон Мексико. Во земјата не смеат да влегуваат криминалци, илегалци и дрога, вели тој. „Единственото што тоа може да го запре е ѕид.“

USA Präsident Trump
Трамп бара пари за ѕид кон МексикоФотографија: Reuters/J. Lawler Duggan

Вработените во владините служби немаат разбирање

Меѓутоа, вработените во владините служби немаат разбирање за потезите на Трамп. Кај нив се зголемува огорченоста поради „шатдаунот“. Стотици илјади вработени се испратени на принуден одмор или мора да работат привремено без пари.

Повеќе: Принудни одмори поради ѕидот на Трамп

Синдикатот, кој според сопствени наводи опфаќа 150.000 вработени во различни министерства и сојузни служби, соопшти дека според истражувањето спроведено меѓу членовите „шатдаунот“ кај многумина предизвикува финансиски стрес и голема несигурност. Според шефот на синдикатот, Тони Рирдон, многу од вработените во владиниот апарат се лути поради тоа што мора лично да плаќаат цена за пропустите на други.

Повеќе: Трамп воодушевен од моделите за ѕидот кон Мексико

Во текот на викендот во сила стапи блокада на буџетот за делови од американската влада, поради тоа што до тој момент не беше одобрен новиот закон за буџет за повеќе министерства. Трамп се противи да го потпише законот за буџет доколку во него не се предвидат пари за изградба на ѕид кон Мексико. Изградбата на ѕид беше едно од главните ветувања во предизборната кампања на Трамп. За таа цел тој бара 5 милијарди долари. Во Конгресот нема мнозинство за тоа. Демократите не се согласуваат со изградба на ѕид.