1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп сепак има намера да го поддржи НАТО

СН /дпа,афп,ртр
6 февруари 2017

Денеска вака, утре така: претседателот на САД, Трамп останува непресметлив. Во изборната кампања тој уште сакаше да ја стави во затвор неговата конкурентка. За тоа сега ниту збор. И за НАТО, Трамп ја промени позицијата.

https://p.dw.com/p/2X1y1
Donald Trump telefoniert
Фотографија: Reuters/J. Ernst

Американскиот претседател Доналд Трамп на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг му осигурал „силна поддршка“ од неговата земја за воениот сојуз. Ова го соопшти Белата Куќа по телефонскиот разговор меѓу двајцата политичари. Според соопштението, Трамп и Столтенберг во разговорот ги разгледале можностите како би можеле да бидат „охрабрени“ земјите членки на Алијансата да ги исполнуваат своите обврски кога станува збор за издатоците за одбрана.

Позната е позицијата на новиот претседател на САД  дека САД плаќаат премногу за одбраната на партнерите во Алијансата. Ново е меѓутоа дека тој има намера да го поддржи НАТО. По промената на власта во Вашингтон, во Европа порасна загриженоста дека администрацијата на Трамп ќе го доведе во прашање трансатлантското партнерство, меѓу другото и затоа што Трамп во едно интервју НАТО го нарече „непотребен“.

Nato-Hauptquartier Brüssel
Фотографија: DW/B. Riegert

Кратка посета на Брисел

Сега меѓутоа работите звучат поинаку. Трамп во телефонскиот разговор со Столтенберг ветил дека ќе учествува на самитот на НАТО на крајот на мај во Брисел. Во истиот месец американскиот претседател планира да патува и во Италија на самитот на Г7. НАТО пред подолго време за 2017 година најави самит во седиштето во Брисел.

Трамп и Столтенберг меѓу останатото зборувале и за можностите за мирно решавање на конфликтот на украинско-руската граница, се вели во соопштението на Белата Куќа. Двајцата политичари се договориле на натамошна тесна соработка во справувањето со безбедносните предизвици за НАТО. Трамп во претходниот ден за ситуацијата во источна Украина телефонски размени мислење и со украинскиот претседател Петро Порошенко.