1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп: Човекот Анти-маска

Екипа на ДВ | СН/агенции
22 мај 2020

Можеби тој смета дека тоа е знак на слабост. Можеби не гледа смисла во тоа. Во секој случај, американскиот претседател Доналд Трамп не може да биде пример кога станува збор за носењето на заштитна маска во корона-кризата

https://p.dw.com/p/3cdRG
Donald Trump besucht Ford
Фотографија: picture-alliance/AP/A. Brandon

Американскиот претседател Доналд Трамп при посета на фабрика во американската сојузна држава Мичиген повремено не носеше заштитна маска - и покрај експлицитното барање на министерката за правда на Мичиген, Дејна Несел. На ТВ-снимките и на фотографиите од печатот можеше да се види како Трамп ја посетува фабриката на „Форд“ во местото Ипсиланти, каде производителот на автомобили произведува респиратоти во корона-кризата. Претходно во отвореното писмо, Насел на Трамп му укажа на тоа дека носењето заштитна маска во моментов е задолжително во Мичиген. Тоа значи важи и за претседателот на САД, напиша таа.

Шефот на концернот го „охрабрил“ претседателот да носи маска

Тој пак на новинарите им изјави дека носел маска на претходниот дел од посетата на фабриката, но не сакал да го израдува печатот да го види тоа. Трамп потоа ја извади маската за која тврдеше дека претходно ја носел (насловна фотографија). Тој истакна дека тој и сите околу него биле тестирани за вирусот, поради што не морал да стави маска. Тој уште истакна дека му било кажано дека маската не е неопходна во делот на фабриката каде што разговарал со новинарите. Сепак, менаџерите на автомобилската компанија кои го придружуваа Трамп носеа заштитни маски. 

Повеќе:

-Додека беснее пандемијата, Трамп сака да ја вакцинира Америка прва

-Задолжително носење маска во Белата куќа за (речиси) сите

-Трамп не сака да се „маскира“

По посетата , Несел на Твитер објави дека Трамп одбил да носи маска и покрај повеќекратните апели. Претседателот не се грижи за безбедноста на луѓето во Мичиген, порача Несел. Производителот на автомобили соопшти дека извршниот директор Бил Форд при пристигнувањето го „охрабрил“ Трамп да носи заштитна маска. За време на дел од посетата, претседателот носеше маска, но потоа ја извади за остатокот од посетата, соопшти концернот.

Знамиња на половина копје за починатите од Ковид-19

Во изјавата за новинарите, Трамп навести дека САД нема повторно да се вратат на строги рестрикции во случај на втор бран на инфекции со коронавирусот. Во овој случај, „ќе ги изгаснеме пожарите, и нема да ја затвориме земјата“, рече претседателот. Тој повторно ги повика гувернерите да ги олабават заштитните мерки во нивните држави, со цел американската економија повторно да земе залет. 

Освен то , Трамп објави дека планира да ги знамињата на сите јавни згради и национални споменици да бидат ставени на половина јарбол во текот на наредните три дена во спомен на Американците кои починаа од коронавирусот.

Во понеделник, САД го прославуваат Денот на спомен, кој традиционално им е посветен на воените ветерани и паднатите американски војници. И тогаш, знамињата ќе се вејат на половина копје, овјави  Трамп на Твитер. Во САД, според универзитетот Џонс Хопкинс, околу 95 илјади луѓе досега починаа од последиците на заразата со новиот коронавирус. .