1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп ќе се жали пред Врховниот суд

ЕМФ / дв
2 јуни 2017

Американскиот претседател Доналд Трамп не попушта и и натаму се држи до забраната за влез на граѓани од муслимански земји. Досега доживуваше судски порази, па сега ќе се жали пред Врховниот суд.

https://p.dw.com/p/2e25M
USA Washington Trump Dekrete Religion
Фотографија: Imago/UPI Photo/K. Dietsch

Владата на Доналд Трамп го носи случајот со забрана за влез во САД на граѓани од шест муслимански земји пред Врховниот суд. Министерството за правда побара од Врховниот суд да „се зафати со овој важен случај“, соопшти портпаролката на министерството, Сара Исгур Флорес во Вашингтон. Таа изрази уверување дека судиите ќе го признаат правото на Претседателот да ја заштити својата земја „од тероризам“.

Хаос по првиот декрет

На крајот на јануари, само десет дена откако стапи на функцијата, престедателот Трамп потпиша декрет со паушална забрана за влез во САД. Од тој декрет беа погодени граѓаните на седум муслимански држави, како Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен. Декретот стапи во сила веднаш и предизвика хаос на аеродромите кој траеше со денови. Откако со судска одлука декретот беше ставен вон сила, Трамп излезе со втор, ублажен декрет, кој исто така доживеа пораз пред суд. Во преработениот декрет Ирак беше прешкртан од земјите погодени со одлуката, а забраната за влез беше редуцирана од 120 на 90 денови.

Trump Reiseverbot New York
Фотографија: picture alliance/AP Images/A. F. Yuan

Пред една недела Апелациониот суд го потврди ставањето вон сила и на вториот декрет на Претседателот. Судиите во образложението велат дека декретот покажува „верска нетолеранција, непријателство и дискриминација“. Веднаш по ваквата одлука министерството за правда најави дека во целиот случај ќе биде вклучен Врховниот суд.