Треба ли да се забранат смартфони во училиштата?

Забрана за мобилните телефони во училиштата. Франција го скрши мразот, ќе го следат ли и останатите нејзиниот пример?

Франција законски го забрани користењето на „паметни телефони“ во основните училишта. Од август минатата година, употребата на приватни телефони за време на наставата е строго забранета.  Освен тоа, француските ученици не смеат да користат ни приватни таблети, ниту други електронски уреди - дури ни во училишниот двор.  Како е тоа регулирано во другите европски држави?

Темата беше обработена во претходната епизода од #EUROPEO: 

Now live
01:52 минути
Теми | 01.02.2019

Забрана за смартфони во училиштата?

Во Германија генерална забрана има само во Баварија. Во останатите покраини, секое училиште може самостојно да донесе таква одлука - која тогаш важи само за тоа училиште. И тоа некои веќе го направија. Исто како и неколку училишта во Шведска и Велика Британија, Хрватска... Тоа се само поединечни  иницијативи, а не генерална законска забрана како во Франција.

И додека заговорниците на забраната истакнуваат дека тоа позитивно влијае на работната атмосфера и им помага на учениците повеќе да научат, особено на оние послабите, критичарите сметаат оти со забрани ништо не се постигнува. Наместо тоа, тие бараат отворен и одговорен пристап до новите технологии и предлагаат воведување нови предмети за заштита на податоците или за личните права.

Бидејќи, младите веќе не можат да се замислат без мобилни телефони. Во Германија 70 отсто од децата на возраст меѓу 10 и 11 години веќе поседуваат сопствени смартфони, а оние меѓу 16 и 18 години се дури 94 насто. Затоа можеби вистинското прашање не е како да се исфрлат паметните телефони од училиштата, туку како попаметно да се искористат во наставата.

Претходните епизоди на #EUROPEO можете да ги погледнете тука:

ДДВ како рудник на злато: Како ЕУ годишно губи 147 милијарди евра?

Now live
02:02 минути
Теми | 18.01.2019

Кои се најголемите даночни измамници во ЕУ?

-Како да не фрламе употреблива храна?

Now live
01:42 минути
Теми | 04.01.2019

Како да се спречи фрлањето на храна?

Следете нѐ