1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Терористички напад во Сомалија

СН/ЕМФ/афп/ртр/миа19 октомври 2013

Во Сомалија бомбаш самоубиец се разнесе себеси во еден локал, убивајќи притоа 12 лица. Одговорноста за нападот ја презеде радикално исламистичката Ал Шабаб милиција.

https://p.dw.com/p/1A2d6
Фотографија: Mohamed Abdiwahab/AFP/Getty Images

Во силната експлозија која ја предизвика бомбаш самоубиец во градот Беледвејн, на југот од Сомалија, загинале најмалку 13 луѓе, а уште десетици се ранети. Експлозијата одекнала во близина на популарен ресторан во центарот на градот Беледвејн.

Одговорноста за овој напад ја презеде терористичката група Ал Шабааб, која е поврзана со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, чии припадници редовно преземаат напади врз цивили и претставници на сојузните власти во Могадишу. Сомалиската Република престана да постои како унитарна држава во 1991 година со падот на диктаторскиот режим на Саид Баре. Како единствен легитимен орган во земјата меѓународната заедница ја признава федералната влада која ја контролира престолнината Могадишу и одредени поблиски области. Другите делови на Сомалија се под контрола на непризнаени државни ентитети или самоуправувачки региони.

Во јужните и североисточните делови од Сомалија владеат локалните кланови и радикални исламски движења, вклучувајќи ги и оние поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, од кои најорганизирана е групата Ал Шабаб. Таа дејствува и во соседна Кенија која по повик на меѓународната заедница, заедно со уште некои други африкански земји, испрати свои војници за справување со бунтовничките групи.

Ал Шабаб инаку ја презеде и одговорноста за нападот врз трговскиот центар во Кенија во септември годинава, во кој загинаа 67 лица.