1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Триумф, тага, неверување!

14 мај 2007

Славје кај новиот лидер и веројатен првак во германското фудбалско првенство Штутгарт, солзи кај Шалке, неверување во Бремен: трите водечки екипи во претпоследното коло на тотално лудата сезона, со неверојатно различни емоции. Во трката во Формула еден во Барселона, нова победа на возачот на Ферари, Фелипе Маса.

https://p.dw.com/p/Aeg5
Првиот стрелец на Шалке Кевин Курањи едноставно не може да верува што се случува!
Првиот стрелец на Шалке Кевин Курањи едноставно не може да верува што се случува!Фотографија: AP

Додека Вердер од Бремен изненадувачки загуби дома од Франкфурт со 2 спрема 1 и се прости од годинашнава титула, а Шалке токму кај најжестокиот ривал Борусија од Дортмунд го доживеа своето Ватерло и поразен го напупшти и теренот и првото место на табелата, Штутгарт со убедливата игра и победа против Бохум на неговиот жежок терен со 3 спрема 2, можеше да се почести со шампанско. „Сега се ќе насочиме кон тоа да станеме прваци„, изјави тренерот Армин Фе пред последниот натпревар дома против Котбус:

„Ние сакаме да станеме прваци на Германија, но не велам дела ќе бидеме прваци. Тоа многумина го рекоа, но крајот ќе покаже се’. Во 34-тото коло ќе се види сметката, зашто натпреварот против Котбус никако нема да биде едноставен. Ним конечно им е сеедно. Што може да биде предност, но и опасност. Никогаш не се знае. Затоа најнапред треба да победиме и тогаш сме германски првак. Засега се уште не сме„.

Во меѓувреме, германската фудбалска лига започна со подготовките за славјето на првакот. Оригиналниот штит за првакот ќе биде донесен на стадионот во Штутгарт, додека негова копија ќе се најде во Гелзенкирхен, на натпреварот меѓу Шалке и Арминија Билефелд.

Шалке во саботата токму кај вечниот ривал Борусија Дортмунд го проигра првото место, а со тоа веројатно и шансата да биде германски првак по 49 години. Во 129-тото локално дерби, Шалке загуби со 2 спрема 0 и му го отвори патот на Штутгарт да се најде на неговото место со два бода предност. На тренерот Мирко Сломка зборовите одвај му излегуваа од уста:

„Сега сме само втори откако толку кола ни успеваше да го браниме првото место. Денеска, за жал, немавме наша игра и сега треба да се надеваме Штутгарт да киксне. Ние мораме да ја извршиме нашата домашна задача и да го победиме Билефелд, за да бидеме сигурно втори„.

Тренерот на Дортмунд Томас Дол:

„Одлична игра. Јас сум среќен поради мојата екипа која во оваа сезона мина низ тежок период. Задоволен сум и како тренер. Имав многу негативни доживувања и сега едноставно немам зборови да го изразам задоволството„.

Вердер од Бремен, по поразот од Франкфурт, сега нема ниту теоретски шанси за првото место, зашто заостанува зад Штутгарт 4 бода, но може да биде втор што би значело директен пласман во лигата на шампионите, но за тоа е потребно да победи, а Шалке да загуби. Менаџерот Клаус Алофс:

„Со победа можевме да стигнеме до второто место, но тоа не ни успеа и сега сме посматрачи„.

Решение падна и во трката за пласман за купот на УЕФА. Леверкузен победи во Берлин со 3 спрема 2 и се најде на меѓународната сцена подеднакво ккао и Баерн од Минхен кој лесно победи во Котбус ос 3 спрема 0. Нирнберг загуби дома од Хамбург со 2 спрема 0, но и тој се пласира во купот на УЕФА како финалист на националниот куп, натпревар во кој игра против евро-лигашот Штутграт.

Едно коло пред крајот е јасно и кој заминува во втората лига. Волфсбург се обезбеди со нерешната игра против Ахен од 2 спрема 2, иако фудбалерите на Клаус Аугенталер губеа со 2 спрема 0:

„Во фудбалот се е можно, посебно ако се види како течеше денешниот натпревар. Екипата го заслужи резултатот„.

За Ахен овој бод беше премалку, а поради бодот што го ќари Волфсбург, лигата ја напушта и Мајнц иако убедливо го победи фенерџијата Борусија од Менхегладбах со 3 спрема 0. И покрај тоа

што е второлигаш, одвај да може да се поверува како публиката го славеше својот тим и тренерот Јирген Клоп, небаре се шампиони:

„Тоа е најневеројатното што може да се доживее. Луѓето ја сакаат екипата како што ние ги сакаме нашите фанови, па сепак тоа не е нормално. Тоа е моето најголемо искуство„.

Без значење за првенството беше победата на Билфелед против Хановер од 3 срема 1. Значи на коло пред крајот води Штутгарт со два бода предност пред Шалке, трет е Вердер со бод помалку од вториот. Лијата ја напуштаатт Ахен, Мајнц и Менхенгладбах.

Од другите спортови:

Четвртата трка во Формула еден во Барселона значеше втор триумф за Бразилецот Фелипе Маса. Зад себе ги остави Британецот Луис Хамилтон и актуелниот светски првак, Шпанецот Фернандо Алонзо, обајцата од Мекларен Мерцедес. Трката беше решена уште во првиот свиок. На почетокот Алонзо се обиде да го мине Маса, дојде до мал контакт, па Шпанецот излета од патеката и загуби две позиции и на крајот мораше да се задоволи со третото место, што му го овозможи и откажувањето на Кими Раиконен од Ферари поради дефект. Во генералниот пласман водството го презеде младиот Хамилтон кој има 30 бодови, пред Алонзо со 28, Маса е трет со 27, а четврти Раиоконен кој остана на досегашните 22. Кај конструкторите води Мекларен Мрецедес со 58, пред Ферари со 49 и БМВ Заубер 23.

Во саботата со настапот на екипите, започна годинашнава велосипедска трка Џиро Д’Италија, а на светското првенство во хокеј на мраз во Москва, Канада во финалето ја совлада Финска со 4 спрема 2 и ја освои титулата.