1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Три жртви во престрелка во Тексас

СН/АМ/ртр/афп/миа14 август 2012

Вооруженото насилство во САД нема крај. Во престрелка во близина на универзитет во американската сојузна држава Тексас загинаа три лица.

https://p.dw.com/p/15p9m
Фотографија: AP

Според локалната полиција едно лице во градот Колеџ Стејшн пукало во службеник, кој сакал да му предаде наредба за присилно иселување од неговиот дом. Во престрелката со полицијата што следувала вооружениот напаѓач убил уште еден полицаец, но и самиот потешко се повредил и подоцна починал во болница. Во престрелката загинал и случаен минувач, а ранети се двајца полициајци и една жена.

Колеџ Стејшн се наоѓа на околу 150 километри северозападно од Хјустон. На Земјоделскиот и машински универзитет во Колеџ Стејшн студираат околу 50.000 студенти, но во моментов тие се на летен распуст.

USA Schiesserei Texas Universität
Жени пред Универзитетската болница, каде беа донесени жртвите во нападотФотографија: AP

Ова е трет вооружен напад во САД за помалку од еден месец. Пред повеќе од една недела, на петти август, човек со десно-екстремистички побуди смртно застрела шест лица во еден храм на индиската религиозна заеднива Сики, во местот Оук Крик во сојузната држава Висконсин, а потоа изврши самоубиство. На крајот на јули вооружен напаѓач уби 14, а повреди околу 50 луѓе во кино во градот Аурора во сојузната држава Колорадо, за време на премиерата на најновиот филм од серијалот „Бетмен“.