1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Три нови апсења по нападот во Бостон

АТ/ дпа/ ртр/ афп2 мај 2013

Американската полиција уапси уште тројца осомничени студенти, поради бомбашкиот напад на маратонот во Бостон. Двајца од нив биле колеги на осомниченииот атентатор Џохар Царнајев.

https://p.dw.com/p/18QOB
Фотографија: picture-alliance/dpa

Американските власти според сопствени наводи истражуваат дали уапсените по налог на Царнајев фрлиле ранец. Како дополнување се вели дека двајцата студиски колеги на осомничениот атентатор, кои имаат потекло до Казахстан, веќе порано биле приведени на сослушување. Станувало збор за повреда на визната обврска. Трето лице имало американско државјанство. Уапсените вчера беа изведени пред суд, каде беа обвинети за завера за попречување на правосудните органи, како и за лажни изјави во рамките на терористичка истрага. Мажите на возраст од 19 години остануваат во истражен затвор.

Повеќе американски телевизиски станици известуваат дека осомничените отстраниле повеќе предмети од собата во студенскиот дом на осомничениот Џохар Царнајев. Потоа тие ги излажале истражителите. Студентите заедно со Царнајев студирале на универзитетот Масачусетс - Дартмут, и според телевизијата ЕнБиСи биле пријатели. За нападот осомничените не биле претходно информирани.

Boston nach dem Terroranschlag
Бостон по нападот тагуваше по жртвитеФотографија: Reuters

Како главни осомничени за експлозиите на бомби на целната линија на маратонот во Бостон и натаму се сметаат родените Чеченци, браќата Џохар и Тамерлан Царнајев. Постариот од двјацата браќа, Тамерлан, три дена по нападот беше застрелан од полицијата. 19 годишниот Џохар е тешко повреден и лежи во една затворска болница.

По апсењата на тројцата натамошни осомничени полицијата го укина предупредувањето за населението. Повеќе не постои опасност. При бомбашкиот напад пред околу две недели во Бостон три лица го загубија животот, а повеќе од 200 се повредени. Додека полицијата ги гонеше двајцата прво осомничени, градот Бостон за извесен период беше целосно блокиран. Според досегашната истрага двајцата браќа делувале сами, без директен контакт со исламистички терористички групи.