1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трката за опстанок станува се’ потесна

21 февруари 2011

На врвот на табелата во Бундеслига останува здодевно. Повторно победи на Леверкузен, Бајерн и на Дортмунд. Борбата за опстанок е далеку понапрегната, зашто кон дното паѓаат екипи на кои никој претходно не сметаше.

https://p.dw.com/p/10L6s
Фотографија: dapd

Сосем долу на табелата и натаму се наоѓаат Штутгарт и Борусија Менхенгладбах. „Швабите“ во ангажиран натпревар загубија 4:2 нагости кај Бајер Леверкузен, со што домаќините можеа да го одбранат второт место на табелата. За Штутгарт полека станува навистина тесно на 17 место на табелата: „Денеска беше навистина многу многу горко. Сметам дека при резултат 2:2 ние бевме поблиску до трет гол од Леверкузен и затоа денешниот пораз навистина боли“, изјави по мечот тренерот на Штутгарт, Бруно Лабадија.

Новиот тренер донесе победа

Fußball Bundesliga Mönchengladbach Schalke
Од мечот Борусија Менхенгладбах - Шалке 04Фотографија: dapd

Од поразот на Штутгарт профитираше последната екипа на табелата Борусија Менхенгладбах. Со победата над Шалке на домашен терен Борусија се изедначи по бројот на бодови со Штутгарт. Ова инаку беше прва победа на домашен терен за Борусија и прва средба под водство на новиот тренер Лусин Фавре:

„Нашата екипа играше многу добро пред се’ по водството на Шалке од 1:0. Сметам дека по 90 минути ова беше заслужена победа“, изјави Фавре по мечот.

Уште еден победник во битката за опстанок во ова 23 коло беше екипата на Келн која се избори за нерешен исход 1:1 во Хофенхам и со тоа натамошно се оддалечи од зоната за испаѓање.

Бремен и Волфсбург ги чека битка за опстанок

Flash-Galerie Fußball Bundesliga - SC Freiburg gegen VfL Wolfsburg
Папис Сисе ( Фрајбург) го постигнува победничкиот гол против ВолфсбургФотографија: dapd

Среде борбата за опстанок во меѓувреме се Вердер од Бремен , Волфсбург и Кајзерслаутерн. Кризите на овие екипи по последното коло натамошно се заострија. По убедливиот пораз од 4:0 во дербито на Северна Германија против Хамбургер, тренерот на Вердер, Томас Шааф е под се’ поголем притисок:

„За жал позитивниот развој од последните натпревари денеска можевме да го одржиме само едно полувреме. Во второто полувреме едноставно се предадовме“ , истакна Шааф по мечот.

И Волфсбург загуби на гостувањето против Фрајбург со 2:1. Победничкиот гол го постигна голгетерското изненадување во лигата Сенегалецот Папис Сисе. Тренерот на Волфсбург Пјер Литбарски и покрај тоа виде надеж во настапот на неговиот тим:

„Една акција на Сисе го одлучи мечот. Ние на крајот имавме големи шанси и тоа беше вистински одговор. Само ако се презентираме ккао денеска можеме да освојуваме бодови.“

Бајерн Минхен се поубедлив

Fußball Bundesliga - 1. FSV Mainz 05 gegen FC Bayern München
Бајерн во Мајнц му се реваншираше на домашниот тим за поразот во Минхен во есенскиот дел од сезонатаФотографија: dapd

И екипата на Кајзерслаутерн доживеа пораз на гостински терен против годинава убедливиот Хановер со 3:0 и сега се наоѓа на 16 место. Тренерот на Хановер Мирко Сломка пак во меѓувреме ја ревидираше првичната цел за опастанок во лигата и сега со неговиот тим се стреми кон европските натпреварувања.

Таму се разбира како и секогаш сака и Бајерн Минхен, се’ разбира најрадо во Лигата на шампионите. Против Мајнц на гости Бајерн славеше победа со 3:1 но и натаму има 13 бодови заостанување зад лидерот Борусија Дортмунд. Наредната недела на програмата е дербито меѓу двата тима во Минхен.

Fußball Bundesliga Dortmund München
Во првиот меѓусебен меч сезонава Борусија во Дортмунд славеше против Бајерн со 2:0Фотографија: dapd

Наредната недела супер-дуел Бајерн -Борусија Дортмунд

Во пресрет на ова дерби, и наспроти сите говорења за некаква криза на Борусија, екипата од Дортмунд ја прослави првата домашна победа во пролетниот дел од сезоната. Жртва беше екипата на Санкт Паули, која може да биде среќна со само 2:0.

„Денеска повторно игравме фудбал под полна пареа и повторно им прикажавме нешто убаво на навивачите. Секој може да биде горд на екипата и на клубот. Сега патуваме со 10 илјади навивачи во Минхен, ќе дадеме гас и ќе победиме во тој натпревар“, изјави по мечот играчот на Борусија, Кевин Гроскројц.

Во првиот натпревар од колото во петокот, Нирнберг беше убедлив против Ајнтрахт од Франкфурт и славеше победа од 3:0.

Автор: Оливија Фриц/ Симе Недевски

Редактор: Борис Георгиевски