1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"Трк во менувачниците"

20 ноември 2003
https://p.dw.com/p/AeSf
Менувајте евра за долари - тоа се исплаќа во моментов. Еврото има поголема вредност за 40 насто од пред две години. Сепак, не е возможно зашто високите државни долгови би требало да ја намалат вредноста на еврото. Монетарниот експерт Манфред Хорн за Дојче веле вели: "Во последно време јасно се покажа дека развојот во јавниот дефицит и развојот на менувањето на курсот немаат никва меѓусебна врска. Поважна е стапката на инфалција која ја владее политиката на парите. Таму се наоѓаат решавачките фактори на влијание. Американскиот долар во моментов се наоѓа во слаба фаза пред се поради тоа што Американците имаат голем надворешно трговски дефицит, што значи дека се повеќе се задолжуват во странство". Кој сака може да причека со менувањето на еврото, зашто експертите сметаат на уште повисок курс и тоа и покрај буџетската недисцплина во евроленд.