1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тројката доаѓа со прашањето ”што сакате”?

Елизабета Милошевска Фиданоска11 август 2007

Тројката на Контакт групата денеска во Приштина треба да води разговори со највиските претставници на косовските Албанци, УНМИК и КФОР околу идниот статус на Косово. Тројката во Приштина доаѓа по посетата на Белград.

https://p.dw.com/p/BT9P
БелградФотографија: DW

Меѓународните преговарачи во Белград дадоа уверување дека ќе направат се‘ за да се пронајде решение за идниот статус на Косово кое ќе биде прифатливо за сите страни. Претставникот на ЕУ, Волфганг Ишингер, изјави: ”Ова е почеток на процесот што ќе не донесе до декември и сите тројца сме решени да работиме многу напорно на постигнување на целта.”

Ишингер во изјава за телевизијата Б92 нагласи дека тројката мора да го предаде својот извештај за преговорите до 10 декември, но не можеше да каже и дали е тоа крајниот рок за завршување на преговорите.

Американскиот преговарач, Френк Визнер, по разговорите со српските претставници, со ист тон како неговиот колега: ”Овде сме под мандат на генералниот секретар на ОН. Нашата задача е да работиме и ќе сториме се за наоѓање решение прифатливо за двете страни. Апсолутно сме решени да работиме на сите можни опции кои ќе донесат мир за регинот и подобра иднина за Србија и Косово.”

Рускиот претставник, Александар Боцан-Харченко, вчера во Белград беше кус: ”Ќе соработувам со претставниците на ЕУ и САД за да помогнам во постигнувањето компромис што ќе биде прифатлив за Советот за безбедност на ОН”.

Планот на Ахтисари не бил спомнат?

Српскиот претседател, Борис Тадиќ, во текот на разговорите со меѓународната тројка за Косово, истакнал дека решението за статусот мора да биде потврдено во Советот за безбедност на ОН. Тој, како што е соопштено од неговиот кабинет, ги запознал соговорниците со ставот за неопходноста од почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија. Српскиот министер за Косово, Слободан Самарџиќ, пак, нагласи дека на преговарачката тројка на Контакт групата од српска страна и е предочено дека јасно решение за статусот на Косово може да се постигне само доколку бидат јасно прецизирани правилата на преговарање. ”Добро е што никој од нивна страна не се осврна ниту на минатите преговори, а пред се на предлогот на Марти Ахтисари кој од нивна страна не беше споменат со ниту еден збор”, изјави Самарџиќ.

За планот на Антисари,пак, Ишингер во белград пред медиумите изјави: ”Планот на Ахтисари е единствениот план што досега воопшто бил разгледуван во Советот за безбедност на ОН. Тој не е тргнат, но не можеше да биде спроведен. Сега ние правиме обид одново да го поставиме прашањето до двете страни – што сакате?“