1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тужба против Трамп

ЖА / дпа
5 јуни 2020

Активисти за човекови права поднесоа тужба против владата на претседателот Доналд Трамп поради бруталниот однос на полицијата кон мирните демонстранти пред Белата куќа.

https://p.dw.com/p/3dIBv
USA Proteste und Polizeigewalt nach Mord an George Floyd
Фотографија: Reuters

Полицијата употреби солзавец и гумени куршуми во растерувањето на демонстрантите кои во понеделникот мирно протестираа пред Белата куќа поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд при полициска интервенција, се вели во тужбата која Организацијата за заштита на човечките права АЦЛУ ја објави вчера. Тужбата која е поддржана и од неколкумина учесници во протестите, е поднесена до федерален суд во Вашингтон. Во неа, според медиумите, се споменуваат и министерот за правда Вилијам Бар и министерот за одбрана Марк Еспер. Со несразмерната полициска интервенција е извршено прекршување на основните права на демонстрантите, аргументира АЦЛУ (American Civil Liberties Union).

„Засрамувачкиот, противуставен, непровоциран и отворено речено – криминален напад на претседателот врз демонстрантите со чии погледи тој не се согласува, ги разнишува темелите на уставниот поредок на нашата нација", изјави портпарол на АЦЛУ за Си-Ен-Ен. Владата мора да биде повикана на одговорност, се додава во еден твит.

Повеќе:

САД, збогум на слободата на медиумите?

Бесконечната борба за еднаквост во САД

Протести во САД: „Америка се распарчува сама себеси“

Трамп – со библија во раката и со закани со војската против демонстрантите

Министерот за правда Вилијам Бар ја оправда полициската интервенција од понеделникот, кога мирните демонстранти со сила беа потиснати од просторот пред Белата куќа, за претседателот Трамп да може со неколкумина свои придружници да стигне до блиската црква. Пред неа тој позираше пред камерите со библија во раката. Бар изјави дека претседателот Трамп треба да биде во можност да отиде на богослужба во блиската црква. АЦЛУ најави тужби и против односот на полицијата против новинарите за време на демонстрациите. 

Минеаполис: Германија бара разјаснување по нападот врз тимот на ДВ