1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турбулентни денови за чешката влада

Штефан Хајнлајн/ Александра Трајковска21 декември 2012

Чешкиот премиер Петр Начас ја отпушти Каролина Пик само една недела откако го презема министерството за одбрана и тој е именуван да ја преземе оваа функција. Партијата на Пик најави повлекување од владата.

https://p.dw.com/p/177eR
Фотографија: AP

Премиерот Петр Начас намуртен застана пред микрофоните и со жесток говор пред изненадените новинари објави дека е отпуштена неговата министерка за одбрана:

„Причината за отпууштање на Каролина Пик може да се каже со малку зборови: загуба на довербата. Мојата доверба не тендира кон нула, туку падна во минус“.

Пред само една недела конзервативниот премиер ја повика претседалката на најмалата коалицона партија Лидем во неговиот кабинет. Само неколку часа откако стапи на функцијата 37 годишната адвокатка ги отпушти речиси сите раководни лица во министерството. Ваквото однесување, смета Нечас е груба политичка грешка. „Таа во министерството се однесуваше како освојувач во непријателска земја и зад мојот грб предизвика персонален земјотрес“.

Меѓутоа министерката отпуштена во рекордно време се бори со сите средства против обвинувањата. Неколку минути по настапот на премиерот таа застана во против офанзива: „Партискиот врв ги повика нашите министри да поднесат оставки до 10. јануари. Тоа за нашата партија значи дека заминуваме во опозиција“, изјави Пик.

„Лоша изведба на политички аматери“

Петр Нечас сега стои пред внатрешно-политички хаос. Без осумте гласови од пратеничката група на партијата Лидем, премиерот нема сопствено мнозинство во парламентот. Само пред неколку денови трипартитната коалиција заеднички усвои спорен пакет за реформа на даноците поради потребата од натамошно консолидирање на буџетот. Премиерот меѓутоа ќе се бори, неговата влада да преживее. „Сакам да ја продолжам оваа коалиција. Јас госпоѓа Пик ја отпууштив само како министерка за одбрана. Тоа не е моја вина. Јас не ја предизвикав кризата“.

Tschechien Ministerpräsident Petr Necas
Премиерот НачасФотографија: picture-alliance/dpa

Повеќето политички набљудувачи во Чешка оценуваат дека владата на Нечас ќе се одржи. Самиот премиер преку чешкото радио порача: „Владата ќе преживее. Никој таму нема интерес од предвремени избори. И без најмалиот коалиционен партнер ќе се најдат пратеници, кои ќе ја поддржуваат“.

Во повеќето чешки медиуми повторната владина криза се коментира со сарказам. Театарот околу Каролина Пик била изведба на политички аматери се вели во дневниот весник „Млада Фронта“, додека економскиот весник „Хосподарске Новини“ пишува дека владата е само уште лоша политичка карикатура. Новата година во Чешка се очекува да почне турбулентно.