1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Туризмот и берзата страдаат од протестите во Турција

Сенада Соколу / Елизабета М. Фиданоска10 јуни 2013

Протестите во Турција оставаат трага и врз економијата. Некој во Истанбул заработува повеќе, некој губи. Стопанството бележи помалку директни инвестиции, а и валутата губи на вредност во однос на доларот и еврото.

https://p.dw.com/p/18mrM
Фотографија: Fotolia/Dmitry Chumichev

Волшебниот збор на многумина демонстранти во Турција сега гласи - бојкот. Се‘ повеќе противници на владата ги откажуваат своите сметки и ги повлекуваат заштедите од Гаранти Банк, трета по големина банка во Турција. Причина за тоа е што голем удел во ГарантиБанк има претпријатието Догус Холдинг, кое ја контролира и турската телевизија НТВ, која, пак, е една од најголемите информативни телевизии во земјата, а која, како и многу други турски медиуми, речиси и не известува за протестното движење.

Logo der türkischen Nachrichtensender NTV
Поради неизвестувањето за протестите од страна на НТВ, се бојкотира банката на Догус Холдинг - ГарантиБанк

Ергун Озен, шеф на ГарантиБанк, за агенцијата Ројтерс изјави дека се повлечени „35 до 40 милиони лири капитал и вратени се околу 1500 кредитни картички“. Освен тоа, на почетокот на минатата недела имаше и демонстрации пред голем број ресторани кои му припаѓаат на претпријатието Догус Холдинг. Тие пред рестораните извикуваа „Стани“ и се обидуваа да ги принудат муштериите да станат, што кај дел од гостите во рестораните успеваше и тие си заминуваа.

Добивката на едниот е загуба за другиот

Други претприемачи, пак, имаат добивка од протестите на плоштадот Таксим. „Околу градилиштето кај плоштадот работата одамна не оди како што треба. Сега барем доаѓаат демонстранти и ние ги снабдуваме со се‘ што им треба“, се радува Ахмет Дурмус. Четириесетгодишникот е менаџер на ресторан недалеку од паркот Гези. И еден млад продавач на знамиња на плоштадот Таксим е одушевен од зголемениот профит. „Порано морав да одам на концерти за да продавам знамиња, а сега е доволно да стојам на плоштадот“, вели тој за ДВ.

Einkaufen Flash-Galerie
Дел од продавниците бележат пад на продажбата од 90%, како што се, на пример, продавниците за сувенириФотографија: picture alliance/ZB

Но колку повеќе луѓе протестираат, толку помалку туристи доаѓаат во Турција. Тоа го чувствуваат пред се‘ продавачите на сувенири, како Рифат Ѓузел. Тој стои во празната продавница и чека. „Имам загуба од 85 до 90 проценти. Протестите се навистина многу негативни за мојот бизнис“, раскажува 65-годишникот за ДВ. „Да, има директни последици за туризмот“, потврдува и економскиот експерт Сејфетин Ѓурсел, додавајќи: „Но тоа останува ограничено само на Истанбул.“

За падот во економијата има подлабоки причини

Погодена е и целата економија. Водечкиот индекс на Истанбулската берза бележи пад од 10,5 проценти и е на најниско ниво од почетокот на март. И турската лира загуби на вредност. Таа во односот со доларот и еврото бележи најниска вредност во последната година и половина. Причина за тоа се делумно протестите. Сејфетин Ѓурсел, прв човек на Економскиот факултет на универзитетот Бахчесехир во Истанбул, за ДВ оценува: „Пред кризата директните странски инвестиции во Турција беа многу големи. Од почетокот на кризата, има многу помалку странски директни инвестиции.“

Türkei Proteste gegen die Regierung in Ankara 06.06.2013
Проблемите во економијата не се само проади протестите, туку се и структурниФотографија: Adem Altan/AFP/Getty Images

Сепак, според Ѓурсел, проблемот на стопанството е структурен. На Турција и‘ се неопходни реформи во економијата, како опсежна реформа на пазарот на труд и даночна реформа, аргументира експертот. „За жал, по изборот на актуелната влада овие реформи беа одложени. Не сум сигурен дали владата е свесна за овие структурни проблеми.“

Одливот на капитал почна уште пред почетокот на немирите, нагласува Мустафа Сонмез, турски економист и новинар. „Протестите само го зголемија одливот на капитал поради тоа што имаат влијание на безбедноста и односите со ЕУ и САД. Инвеститорите се повлекоа поради тоа што немирите им создаваат пречки“, вели Сонмез за ДВ. Неговата прогноза е јасна - ако насилството продолжи и ако владата не отстапи ниту чекор, економската ситуација ќе се влошува и натаму.