1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција – Ирак – Курди

7 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ap0I

Ирак и Турција ги демантираа извештаите дека турски војници навлегле на ирачка територија во борбата против курдски бунтовници. Нема никаква акција на турската армија, порача ирачкиот министер за надворешни работи Хшијар Себари во Багдад. Истото го потврди во едно телевизиско интервју и неговиот ресорен колега од Турција Абдула Ѓул. Во информациите на дописници од регионот претходно се тврдеше дека имало ограничена операција на турски војници на северот од Ирак, каде се позициите на курдските бунтовници.