1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција и Балканот: Нова отоманизација или деловни интереси?

Н.Рујевиќ/ ард/ бета/ А.Трајковска27 октомври 2013

Српскиот претседател Томислав Николиќ ја замрзна трилатералната средба со Турција и БиХ сѐ додека Турција не се извини поради „агресија без оружје“. Страшилото за наводна „отоманизација“ повторно кружи по Балканот.

https://p.dw.com/p/1A6wP
Турскиот премиер Ердоган со албанскиот премиер Рама и косовскиот премиер ТачиФотографија: Reuters

„Турција е Косово и Косово е Турција, ние сме толку блиски што дури и авторот на турската химна Мехмет Ахиф Ерсој е од Косово, од Пеќ“, рече премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган пред повеќе десетици илјади граѓани на Призрен измината среда (23.10.). Оваа изјава ги возбуди политичките духови во Србија, каде со големо внимание се следи секоја надворешно-политичка активност на властите во Приштина. Кога е во прашање и историскиот владател на овие простори, Турција, тогаш внимателноста е уште поголема. Во Србија се верува дека Ердоган нескриено се повикува на Отоманската империја, која заземаше поголем дел од Балканот.

„Мораме да одиме таму каде ни беа предците“, рече порано шефот на турската влада. Неспорно е дека на Балканот се забележува сѐ посилно политичко и економско влијание на Турција.

Нео-отоманска политика?

„Изградбата на аеродром му е доверена на турско претпријатие, како и многу сообраќајници. Со енергетскиот сектор и најверојатно со телефонската мрежа исто така ќе доминираат турски фирми“, вели косовскиот економист Лумир Абдихико. „Ако на ова ги додадеме прехранбените производи од Турција кои доминираат на пазарот на Косово, сфаќаме колку е силно влијанието на Турција врз нашата земја“, наведува економистот за ДВ. Освен стопанското тука е и општественото влијание - така во Призрен, каде говореше Ердоган постојат турска телевизија и радио, а турската партија ја дели власта со партијата на Хашим Тачи. „Имаме и 25 турски здруженија, меѓу нив и она на жените или младите, кои организираат различни културни манифестации“, вели за ДВ Левент Буш, шеф на турската партија во Призрен.

Recep Tayyip Erdogan Besuch im Kosovo
Слика на Ердоган на собирот во ПризренФотографија: Reuters

Се врежува мислењето дека Анкара води нео-отоманска политика и дека посебно се врати кон Албанија, Косово, Македонија и БиХ поради големиот број муслимани. „Многумина на Западниот Балкан веруваат дека главна цел на турската влада е подобрување на своите врски со исламскиот свет. Се верува дека политиката на Турција повеќе се базирала на идеолошки отколку на национални интереси“, вели Ерхан Тирбендар, турски стручњак за Балканот. Тој дополнува дека таа сомнителност кон Турција повеќе влече корени од историјата, но исто така и недостигот на информации во балканските медиуми за развојот на Турција ги зајакнува тие стереотипи.

Очекувано, најголеми отпори за турското влијание постои меѓу жителите на Србија. Помалку од 15 проценти сметаат дека Турција е пријателска земја иако многу поголем процент возбудено ги следат случувањата во ТВ серијата „Сулејман Величенствениот“. И иако српските функционери со ред изјавуваат дека Турција е важен партнер за стокова размена, во моментов вредна половина милијарда евра годишно, таа може и треба да биде поголема.

„Важно е што Турција одржува неутрален пристап кон Балканот и не е забележливо дека поддржува која било страна врз основа на етничка припадност“, смета Сабие Фрајзер, директор на секторот за Европа во истанбулскиот центар на Меѓународната кризна група.

Противтежа за ЕУ?

Турција минатата година стана 16. стопанство по големина во светот, но ни тоа не е доволна препорака за ЕУ. Земјата е официјално во пристапниот процес, но неколку земји - пред сѐ Германија и Франција - заземаат јасен став според кој Турција не припаѓа на културниот простор Европа и дека никогаш не би требало да стане членка. Освен тоа аналитичари како Милош Шолаје од Центарот за меѓународни односи во Бања Лука забележуваат дека присутноста на Турција на Балканот се смета за „некакво вид компензација за спориот влез на Турција во Европската унија“.

Flash-Galerie Der türkische Ministerpräsident Recep Tayyip Erdogan
Ердоган сака да им се обраќа на своите сонародници во Германија што не им се допаѓа на некои германски политичариФотографија: picture alliance/dpa

Преплетувањето на влијанијата или послободно кажано интересните сфери на Брисел и Анкара на Балканот аналитичарката Сабине Фрајзер не ги гледа како проблем: „Основните вредности и идеи на Турција и на ЕУ не се во контрадикција, и двете сакаат поефикасна демократска власт на Западниот Балкан. Јавно, Турција се залага и ја поддржува европската перспектива на регионот, кого го гледаа како мост меѓу Анкара и Брисел. Важно е тој мост да биде цврст и да продолжи патот на регионот кон ЕУ, ако би продолжило и пристапувањето на Турција“, изјави порано Фрајзер за ДВ.

Но, постои и понакво гледиште - Европа ослабена од кризата и натаму декларативно им нуди на земјите од регионот некаква перспектива, но нема кохерентна стратегија. Во тој вакуум вично влетува Ердоган. Косовскиот економист Лумир Абдихику забележува: „Искрено потребни ни се и западни фирми на Косово. Западни вложувачи нема оти не сакаат да работат во вакво опкружување. Турските претпријатија се нешто друго, добро излегуваат на крај со нашата бирокртија и високиот степен на корупција. Но политички тураската доминација е опасна за нас. Потребни ни се западните вредности“, заклучува Абдихику.