1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција конфискува товар од сириски патнички авион

АТ/ дапд/ афп/ дапд11 октомври 2012

Сириски патнички авион го продолжи патот кон Дамаск, откако претходно беше принуден од турски воени авиони да слета на аеродромот во Анкара. Турските власти се сомневаа дека авонот кој полета од Москва пренесува оружје.

https://p.dw.com/p/16NfR
Фотографија: Reuters

Турција го ослободи сирискиот патнички авион, кој леташе на релација Москва - Дамаск, и беше принуден да слета на аеродромот во Анкара придружуван од турски воени авиони поради сомнеж дека во него може да се наоѓа оружје.

Товарот на авионот од тип А 320 беше делумно конфискуван, соошти синоќа турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу, без да наведе повеќе детали. Сепак тој индиректно и’ префрли на Русија дека му испорачува оружје на сириското раководство и дека за тоа ги злоупотребува цивилните авиони. Според информации на тајните служби во авионот имало „не-цивилен товар“.

Неприфатливо е да се користи турскиот воздушен простор за вакви испораки, изјави Давутоглу. Затоа авионот бил принуден на слетување, а рано утрово заедно со 37 патници полетал во правец кон Дамаск.

Турција во сирискиот конфликт отворено застана на страната на бунтовниците и досега прифати 100.000 бегалци и опозиционери. Веќе една недела во турската гранична област постојано паѓаат гранати од Сирија, а Турција возвраќа. Доколку нападите не престанат, ќе се возврати „со поголема сила“, најави турската армија.