1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција – парламент

29 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anu7

Турскиот парламент по втор пат ги изгласа амандманите за промена на уставот, според кои во иднина претседателот на државата нема да го бира парламентот, туку народот на директни избори. Претседателот на заминување Ахмед Неџат Сезер минатата недела стави вето на изгласаните измени, нагласувајќи дека тие не се во склад со парламентарниот систем и можат да предизвикаат нестабилност во земјата. Претседателот нема право на второ вето, ама има можност да распише референдум.

При вчерашната расправа во парламентот дојде и до физичка пресметка меѓу припадници на секуларистите и на владеачката партија што се залага за поголемо влијание на исламот во општеството.