1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција-САД

12 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BqDT

Турција во знак на протест од усвоената американска резолуција за масакрот врз ерменците го повлече на консултации својот амбасадор од Вашингтон. Министерството за надворешни работи во Анкара соопшти дека тој ќе биде задржан во Турција во наредните десет денови. Комитетот за надворешна политика на претставничкиот дом на Конгресот и покрај противеењето на Белата Куќа усвои документ во кој страдањата на ерменците за време на првата светска војна се означува како геноцид.