1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција сепак ќе интервенира во Северен Ирак?

17 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Brjf

Турција ги засили заканите за интервенција против курдските бунтовници на ирачка територија и продолжи со подготовките за таква акција. Премиерот Реџеп Таип Ердоган ја повика владата во Багдад да им забрани на членовите на курдската ПКК да носат оружје, ако Турција не смее да интервенира. Се очекува Парламентот во Анкара денеска да ја усвои резолуцијата со која на владат ќе и дозволи да одлучи дали и кога ќе интервенира во Северен Ирак. Резолуцијата би важела една година. Ирачката влада предупреди од ваквата акција и ја повика Турција проблемот да го реши преку преговори. И ЕУ и САД апелираа до Турција да се откаже од воена интервенција. Портпаролот на Стејт Департментот Том Кејси изјави:
„Најмногу не загрижува ако додјде до еднострана воена акција. Тоа не е начинот на кој треба да се соочат со заканата од ПКК“.