1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Смртоносни експлозии во фабрика за пиротехника

СН/агенции
3 јули 2020

Погодената фабрика вработува колу 190 луѓе. Дел од нив сè уште би можело да се заглавени во објектот по разурнувачките екслозии. Како се случила несреќата, сè уште е нејасно.

https://p.dw.com/p/3elIQ
Türkei Sakarya Explosion in Feuerwerksfabrik
Фотографија: picture-alliance/AA/O. Urer

Најмалку 4 лица загинаа, а 97 се повредени во неколку големи експлозии во фабрика за пиротехника во градот Хендек, кој се наоѓа во провинцијата Сакарија,на северозападот од Турција, изјави министерот за здравство, Фахретин Коџа.

Можно е уште неколку луѓе сѐ уште да се заробени внатре, изјави Коџа не наведувајќи го нивниот број. Фабриката има вкупно 186 вработени, а 20 не се појавиле на работа.

Türkei Sakarya Explosion in Feuerwerksfabrik
Фотографија: picture-alliance/AA/G. Ozer

Се верува дека „15 до 20“ работници ја напуштиле фабриката по избивање на пожарот, изјави Коџа за новинарите во близина на локацијата на фабриката во Сакарја, источно од Истанбул.

Властите се обидуваат да пронајдат кои лица биле во фабриката. Два хеликоптера и еден авион се придружија во гасење на пожарот, рече Коџа предупредувајќи ги жителите на ова подрачје да носат маски и да останат дома за да се намали ризикот од вдишување отровен чад.

Започната е истрага за да се утврди причината за инцидентот.

Türkei Sakarya Explosion in Feuerwerksfabrik
Фотографија: Reuters/Turkish Interior Ministry

Оваа фабрика е најголема од ваков вид во Турција и има 110 тони експлозив во своите складишта, изјави порано гувернерот на Сакарја, Четин Октај Калдирим. Експлозиите се слушнале на одалеченост од 30 километри, рече Калдирим.

Türkei Sakarya Explosion in Feuerwerksfabrik
Фотографија: picture-alliance/AA/G. Ozer

На само три километри одалеченост од фабриката се наоѓаат станбени населби. Според државната телевизија ТРТ силните експлозии одекнале околу 10 часот наутро по средноевропско време.