1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција – состојба

30 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag8w

Генералниот секретар на Советот на Европа, тери дејвис, ја повика армијата во Турција да се држи настрана од политиката. Воените сили не треба да се обидуваат да се мешаат во изборот на нов претседател на земјата, соопшти Дејвис. Генералштабот на турската армиа се изјасни недвосмислено против изборот на Абдула Ѓул за нов турски претседател. Во Истанбул, вчера, повеќе од еден милион луѓе демонстрираа против свртување на земјата кон исламизам. Демонстрантите бараа задржување на поделбата меѓу религијата и државата.