1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција – убиен новинар судење

2 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BAb7

Денеска во Истанбул почнува судскиот процес за убиството на турскиот новинар од ерменско потекло Хрант Динк. Тој беше убиен на 19. јануари пред влезот во редакцијата на весникот „Агос„ каде беше главен уредник. Овој весник често ги критикуваше ограничувањата на слободата на мислење во Турција, а го осудуваше и геноцидот на ерменското население во Турција од 1915 до 1917 година. Двајцата главно осомничени за оргзнаиација на убиството се очекува да добијат казна доживотен затвор, додека 17-годишниот Огун Самаст, кој призна дека стрелал врз новинарот, може да добие 18 до 24 годони затвор.