1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција ја осуди американската резолуција за Ерменците

11 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bp2O

Турската влада ја осуди резолуцијата на комисијата за надворешна политика на американскиот Конгрес со која масакрот на Ерменците за време на првата светска војна се означува како геноцид. Официјален Истанбул смета дека е неприфатливо турската нација да се обвинува за нешто што никогаш не било направено. Резолуцијата беше усвоена и покрај предупредувањата од американскиот претседател Џорџ Буш дека тоа може да влијае врз односите со клучниот сојузник во НАТО и глобалната војна против теророт. Резолуцијата кон крајот на наредниот месец треба да се најде пред пратениците во претставничкиот дом на Конгресот.