1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција ја очекува одлуката на Уставниот суд

Исмет Кочан30 април 2007

Големи демонстрации во Истанбул на кои се бара да се зачува стрикната поделба меѓу државата и религијата.

https://p.dw.com/p/AbxS
Масовни демонстрации во Истанбул
Масовни демонстрации во ИстанбулФотографија: AP
Вчера во Истанбул се собраа повеќе од еден милион луѓе на демонстрации, по соопштението на генералштабот на турската армија со кое се спротивстави на изборот на Абдула Ѓул за претседател на државата. Нивната парола е - Ниту шарија ниту пуч. Тие бараа почитување на стриктната уставна поделба меѓу државата и религијата. Во меѓувреме зејата е во очекување на одлуката на Уставниот суд. Од неа ќе зависи дали Ѓул ќе оди во втор круг гласање или пак ќе бидат распишани предвремени парламентрни избори.