1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тур Д’допинг

28 јули 2006

Четири дена по победата на Тур Д’Франс, американскиот профи велосипедист Флојд Лендис е осомничен за допинг. Како што јави неговиот тим „Фонак„, тестот е позитивен.

https://p.dw.com/p/AeiJ
Ќе се срамат ли и сончогледите од последниот скандал на Тур Д’Франс?
Ќе се срамат ли и сончогледите од последниот скандал на Тур Д’Франс?Фотографија: AP

Кај Лендис е установено невообичаено високо присуство на тестостерон-епитестостерн на тестот по 17-сеттата етапа што Лендис ја доби со неверојатна предност. Дали Тур Д’Франс не станува Тур Д’допинг?

Лендис пред 17-сеттата етапа се наоѓаше на 11-сеттото место со повеќе од 8 минути заостанување зад водечкиот Шпанец, Оскар Переиро. Во најтешката етапа на Алпите, Лендис атакуваше и постигна спектакуларна победа, по која се најде на третото место во генералниот пласман со само уште 30 секунди заостанување. Вкупната победа Лендис ја обезбеди во етпата на хронометар. На крајот победи со предност од 57 секунди пред Переиро. Ако се потвбрди сомнежот за допинг, нему може да му биде одземена победата. Самиот Лендис ги отфрли обвинувањата и изјави дека не мамел за да победи. Тој е сигурен дека неговото име повторно ќе биде чисто. Директорот на Тур Д’Франс Кристијан Прудом изјави дека треба да се сочека бе-пробата. Но, ако таа го потврди првиот тест ќе ни биде многу жал, изјави Прудом. Тој најави продолжување на битката против допингувањето.

Вториот во генералниот пласман Оскар Переиро не беше многу среќен. „Ако бидам прогласен за победник, таквата победа за мене ќе биде академска. Победата треба да се слави во Париз, инаку ќе биде само бирократска„, изјави Переиро.