1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсен е најбараниот осомничен нацистички злосторник

ЕМФ/дапд/дв18 јули 2012

Ласло Чотари, кој со децении се криел во Канада и Унгарија, е уапсен денеска (18.07) во Будимпешта. Тој е обвинет за воени злосторства извршени во Втората светска војна.

https://p.dw.com/p/15ZTU
Фотографија: www.thesun.co.uk

Унгарското обвинителство реагира неколку дена откако репортерите на британскот булеварски весник „Сан“ го посетија Чотари во неговиот апартман во Будимпешта. Тој им ја отворил вратата облечен во поткошула и чорапи, очигледно не очекувајќи посета. Им рекол да си одат и нагласил дека не сака да дискутира за обвинувањата, затоа што тоа не го сторил. Центарот „Симон Визентал“ му застанал на трагата на 97-годишниот Чотари неодамна и му дал на унгарското обвинителство информации за местото каде што тој престојувал. Тој се наоѓа најгоре на листата на најбараните нацистички злосторници на оваа еврејска организација за човекови права.

Ласло Чотари, според обвиненијата, играл важна улога при депортацијата на 15.700 Евреи во концентрациониот логор Аушвиц во 1944 година. Освен тоа, тој како шеф на полицијата во Кошице, во делот од Словачка окупиран од Унгарија, во 1941 година учествувал во депоратција на околу 300 Евреи во Украина.

Во случајот на Чотари информациите за местото кадешто се крие стигнале од лице кое ја дало информацијата за соодветна награда. Потпирајќи се на овие истражувања британските новинари потоа го нашле Чотари во Будимпешта. Инаку, тој по војната заминал за Канада и таму работел како трговец со уметнички дела. Во 1990-тите години неговото минато станало познато, тој го загубил канадското државјанство, ја напуштил земјата и исчезнал.