1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсен Насер Кељменди, најпознатиoт нарко-бос во Европа

ЕМФ/бета/дпа6 мај 2013

Насер Кељменди е уапсен вчеравечер (05.05) во Приштина, потврди портпаролот на косовската полиција Баки Кељами за агенцијата Бета.

https://p.dw.com/p/18SoI
Фотографија: VIPDesign - Fotolia.com

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Фахрудин Радончиќ претходно изјави дека неговотот министерство синоќа добило неофицијална информација оти на Косово е уапсен Насер Кељменди.

Тој наведе дека Кељменди би требало да и‘ биде испорачан на БиХ, чиј државен суд минатата година распиша потерница по него по покренувањето на акцијата „Кукла“, насочена кон разбивање на повеќе организирани криминални групи. Кељменди е осомничен за организирање на убиството на Рамиз Делалиќ Челе во 2007 година, во Сараево.

Насер Кељменди важи за најголем трговец со хероин во Европа. САД го имаат ставено на црна листа, заедно со нарко-босовите од Јужна Америка и Авганистан. Кељменди, според медиумски извештаи, го контролира шверцот со дрога од Турција кон Западна Европа. Постојат сомневања дека тој одржувал тесни врски со политичките раководства на земјите на Балканот.