1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсен опозициониот политичар Кан во Пакистан

14 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CDgd

Опозициониот политичар Имран Кан е уапсен во Пакистан. Кан кој од воведувањето на вонредна состојба на почетокот на месецов беше недостапен за органите на власт, се појави на студенските демонстрации на Пунџаб универзитетот во Лахоре. Кратко потоа беше уапсен, а полицијата потврди дека повторно е во домашен притвор. Во меѓувреме заменик министерот за информации Тарик Азем најави, дека парламентот ќе биде распуштен во четврток на полноќ, бидејќи завршува легислативниот период. До оддржувањето на нови избори на почетокот на јануари ќе биде избрана преодна влада.