1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсен уште еден од осомничените за убиствто на Џинџиќ

17 јули 2004

Во Солун ноќеска е уапсен уште еден од осомничените за убиството на српскиот премиер Зоран Џинџиќ. 34 годишниот Дејан Миленковиќ Багзи денеска е изведен пред обвинител во Солун.

https://p.dw.com/p/AcMJ
Убиството на Зоран Џинџиќ сеуште не е расчистено
Убиството на Зоран Џинџиќ сеуште не е расчистеноФотографија: AP

Миленковиќ е уапсен во центарот на градот, по истрагата покрената врз основа на барањето за испорачување, што го поднесе Србија. Тој ќе остане во притвор во Грција 50 дена, колку што официјално изнесува рокот за Белград да побара негова испорака, изјави шефот на солунската полиција, Констандинос Цекис. Цекис за агенцијата Бета вели дека Миленковиќ бил уапсен облечен во добар костум со патна торба в раце во која имало голем износ пари, кој ги надминува сите износи кои би биле наменети за лична потреба. Багзи , кој со себе не носел документи, го признал својот идентитет, но на полицијата не сакал да и каже ништо за убиството на Џинџиќ, ниту за своите активности.

Полицијата во Грција се посомневала дека нешто се случува, откако сорпугата на Миленковиќ на почетокот на јуни допатувала во крајбрежното место Катимерини со автомобил со грчки регистерски таблички, а од Грција за Србија си заминала на 20 јуни со туристички автобус. Грчката полиција изразува задоволство поради апсењето на дванаесетиот на листата најбарани криминалци на светот, обвинет за убиство не на кого било, туку на премиерот на Србија, со што е прекинат курсот на земјата, изјави за Бета грчки извор кој не сака да биде именуван.