1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиен шефот на бунтовниците во Шри Ланка

2 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C0IU

Политичкиот водач на тамилските бунтовници на Шри Ланка е убиен во еден воздушен напад на владините сили. С.П.Тамилселван бил убиен во бомбардирање врз водачите на бунтовниците во Килиночи. Во нападот биле убиени уште петмина други високи офицери. Тамилселван ги претставуваше бунтовниците на мировните разговори со владата и одржуваше контакт со норвешките посредници.