1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиен Јапонец во Мијанмар

27 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BkE2

Еден јапонски фоторепортер загина денеска на улиците на градот Јангун во Мијанмар откако војската и полицијата пукаа во насобраните демонстранти против воениот режим во земјата. Властите во Мијанмар го потврдија загинувањето на јапонскиот фоторепортер.

Полицијата и војската според изјави на очевидци поставила барикади на сите стратегиски пунктови во градот и ги предупредила преку разглас насобраните демонстранти дека ќе преземат жестоки мерки доколку тие не ги запрат протестите. Потоа започнала да пука врз насобраните лица. Покрај Јапонецот очевидци велат дека притоа загинале уште неколку лица. Во текот на ноќта бил извршен упад во повеќе манастири. Притоа се уапсени повеќе од 100 будистички монаси. Дали има жртви или повредени сеуште не е познато. Силите за безбедност инаку вчера смртно застрелаа петмина демонстранти. Утрината се уапсени и двајца високи претставници на опозицијата во земјата. Советот за безбедност на итната седница не успеа да се договори околу воведувањето санкции. Против беше кинескиот амбасадор во ОН, кој предупреди дека санкциите нема да помогнат. Советот ги повика властите во Рангун да му овозможат влезе на нивниот претставник во земјата.