1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ударот на Рита без катастрофални последици

25 септември 2005

САД можат да здивнат. Ураганот Рита кој се закануваше со разурна јачина во последен момент попушти и не предизвика катастрофални последици, кои според најавите можеше да бидат поголеми од оние кои ги предизвика Катрина.

https://p.dw.com/p/AcCR
Фотографија: AP

Рита која од ураган се претвори во бура, поплави неколку градови во Тексас и Луизијана. Раселените барем засега треба да останат на безбедно.

Американските власти упатија апел до околу три милиони раселени засега да не се враќаат во домовите, во поплавениот регион. Властите стравуваат за безбедноста на граѓаните, можни се поплави, но и повторен сообраќаен хаос, кој ќе ги оневозможи стручните служби да ја вршат својата работа.

Рик Пери гувернерот на Тексас, регион кој го претрпе најголемиот удар од Рита изјави:

„ Не можам да кажам со сигурност дека се создадени потребни услови за враќање на раселените од крајбрежјето. Сеуште не сме сигурни за направената штета. Во моментов не можеме да потврдиме дека е безбедно да се вратите. Потребно ни е време за да

Апел пристигна и опд претседателот Џорџ Буш:

„ Многу е важно за граѓаните кои се наоѓаат во источен Тексас да разверат дека иако бурата помина, состојбата е сеуште опасна заради можноста од поплави. Многу е важно да ги слушате инструкциите од локалните власти, околу тоа дали е безбедно или не да се вратите во своите домови„ рече Џорџ Буш

Во моментов врнат обилни дождови и дува силен ветер. Најголем дел од градовите сеуште се безџ електрична енергија. Под вода е и делот од Њу Орлеанс кој беше најпогоден од ударот на претодниот ураган Катрина. Нафтените корпорации чии рафинерии се наоѓаа во загрозениот регион заега неможат со сигурност да потврдат колави се претрпените штети. Ексон Мобил во првичното соопштение пренесе дека најголемата рафинерија во САД чие дневно производство изнесува 557.000 барели нафта нејверојатно не пртетрпела посериозни оштетувања. Состојбата се снима и дополнително ќе се направт пресметки за евентуалните штети.