1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Удвоен македонскиот контингент војници во Ирак

Александар Чомовски 30 ноември 2007

Македонското Собрание донесе одлука за удвојување на силите во Ирак. Опозицијата критикува дека владата се обидува членството во Алијансата да го добие со поголемо учество во мисиите во кризините подрачја.

https://p.dw.com/p/CVEo
Претседателот Црвенковски при посетата на македонските војници во ИракФотографија: DW/MIA

На попладневната и очекувана средба власт - опозицијата околу приоритетите за НАТО и претходеше парламентарната одлука за двојно зголемување на армиските специјалци во Ирак. Не е исклучено новите 36 војници на АРМ, заедно со четворицата официри да бидат распоредени во кризните региони во Багдад. Иако одлуката во Парламентот беше донесена едногласно, пратениците ја критикуваа Владата дека некритички проценува оти со учество во воените мисии на НАТО, Македонија ќе добие по автоматизам членство во Алијнсата.

Во време кога стратешките сојузници на САД, пред се’ Британците ги повлекуваат војниците од Ирак, ако Хрватска не учествува во ова кризно подрачје, а сепак е посериозен кандидат за членство во НАТО, македонската опозиција праша дали Владата бара алиби за неисполнување на политичките критериуми наметнати од Брисел.

Токму тие приоритети, домашните задачи препорачани од НАТО партнерите се тема на новата лидерска средба, за да се фати последниот воз за наредниот самит на НАТО и да му се овозможи на премиерот Груевски флексибилен настап во НАТО во Брисел во јануари наредната година.

Власта и опозицијата нема да го отворат прашањето околу името, иако наредната недела во Скопје ќе допатува медијаторот во грчко - македонскиот спор Метју Нимиц. Ако Грција стави вето за приемот на Македонија ќе биде изолирана, реагираше во Скопје Ламберто Дини, поранешен министер за надворешни работи на Италија. За Италија Република Макеоднија е официјално име, кажа Дини по средбата со македонските парламентрци.