1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ужаси без крај

22 јуни 2004

Коментар на Миодраг Шориќ

https://p.dw.com/p/AcMp

Политичарите, познато е, имаат кусо паметење, подеднакво и на Запад. Многумина веќе заборавија дека на Кавказ пред некоја година татнеше војна меѓу чеченските бунтовници и руската армија. Најнапред во таа војна стануваше збор за настојувањето на еден мал народ код независност. Во меѓувреме се појавија и многу други причини: одмазда на чеченските цивили врз руската солдатеска за претрпената неправда, борба на исламските фанатици против против христијаните – значи Русите, трговија со дрога и луѓе, меѓусебни битки за моќ на чеченските кланови. На крајот рускиот претседател Владимир Путин со намера на целиот свет да му докаже дека е во состојба да го смири Кавакзот. Притоа во овој последен напад на околу 200 вооружени чеченски бунтовници во соседната Ингушија се потврди дека за нешто такво нема ниту збор. Московските трупи немоќно посматраа како бунтовниците ги напаѓаат министерството за внатрешни работи и други владини институции во градот Назран. Пред воопшто да се придвижат руските трупи се беше завршено: чеченските борци се повлекоа.

Она што ќе следува е веќе стопати видено: таканаречената чистка. Руските и нивните чеченски сојузнички трупи ќе одат низ селата во потрага по бунтовниците. Некои ќе најдат, повеќето не. На крајот од таквите чистки ќе страдаат најмногу цивилите. А, решение на повидок нема. Пред само една недела последниот слободно избран чеченски претседател Аслан Масхадов во едно интервју за американска станица јасно стави на знаење дека чеченските трупи се уште се во состојба да спроведат поголеми воени операции. Кој не верува да не се чуди ако зад овој последен напад се крие токму Масхадов. Други чеченски лидери се жалат кај западните медиуми дека Запад сосема го загуби интересот за чеченкиот конфликт. Во принцип тоа е точно. Делумно и затоа што западните тимови со камери одамна не се на Кавказ и затоа што беа напаѓани и протерувани и тоа не само од руските трупи. Колку западни новинари беа грабнати од таканаречените борци за независност и колку се убиени? На Америка, Русија и е потребна во борбата против меѓународниот тероризам. Чеченскиот проблем, колку и да звучи цинично, и пречи на оваа соработка. Русија постапува како да е демократска држава што ги почитува правата на малцинствата и во која владее слобода на печатот, а Запад постапува така како да верува во тоа.

Миодраг Шориќ