1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украина врти кон десно

Ојген Тајзе/ Симе Недевски12 декември 2012

Додека со Украина се‘ поавтократски се владее, во земјата истовремено јакнат националистичките сили. Имено за првпат во пратеничките клупи на украинскиот парламент денеска седнуваат политичари од екстремната десница.

https://p.dw.com/p/170IC
[
Фотографија: picture-alliance/dpa

Денешниот 12. декември е посебен ден за 37 пратеници на партијата Слобода. Денеска се одржува конститутивната седница на украинскиот парламент- Врховната Рада. За првпат во неа своја пратеничка група ќе има една партија на екстремната десница. „Сега ќе имаме можност нашите идеи да ги изнесуваме и во парламентот, а не само на митинзи, манифестации и телевизиски емисии“, изјави заменикот претседател на партијата Андриј Мохник за ДВ. „Сега и тонот ќе биде поостар. Партијата Слобода има намера со сите средства да се бори против корумпираниот диктатор Виктор Јанукович и останатите анти-украински сили“.

Екстремните десничари стануваат општествено прифатливи

Svoboda
Фотографија: BY-SA-CC

На парламентарните избори во октомври партијата Слобода освои околу 10 насто од гласовите. Оваа партија, со останатите опозициски партии, има намера да стапи во акција. Во предизборната кампања, украинските интелектуалци во отворено писмо ги предупредија партиите на демократската опозиција од опасноста од соработката со националистите. И покрај тоа, опозициската партија Обединета опозиција на чело со Арсениј Јазенјук, инаку соборец на поранешнта премиерка Јулија Тимошенко, со партијата Слобода имаше заеднички кандидати на изборите.

Тарас Воснијак, публицист од Лвов е еден од потписниците на отвореното писмо. Во разговорот за ДВ тој јасно предупредува на последиците од соработката со екстремните десничари.„Заедничкиот настап придонесува кон легитимноста на таа партија. Автократскиот режим на претседателот Јанукович ќе ја искористи партијата Слобода за да ја дискредитира опозицијата“, вели Воснијак.

Од успехот на националистите во Украина стравуваат пред се’ мигрантите, но и многу Руси. Слобода во својата програма, меѓу другото, бара сузбивање на приливот на мигранти и давање предност на етничките Украинци при вработувањето во државните служби. Расистичките изјави се дел од секојдневието на партијата Слобода. На годинешниот Избор за песна на Евровизија, водечки членови на партијата протестираа дека Украина беше претставувана од пејачка со африканско потекло.

Нацистички корени

Во програмата на Слобода е наведена и нејзината цел: социјална и национална револуција. Асоцијацијата на терминот „национал- социјализам“ не е случајна. Имено партијата Слобода порано се нарекуваше Социјално-национална партија на Украина. Во 2004 година нејзиниот шеф Олег Тјагнибок е исклучен од пратеничката група на коалицијата „Наша Украина“. Тој имено оддржа антисемитски и ксенофобичен говор, кој предизвика голем скандал во Украина.

Ukraine Partei Svoboda Oleg Tyagnibok
Олег Тјагнибок, лидер на партијата „Слобода“Фотографија: Reuters

Тијанибок реши да основа нова партија под името Слобода“. Поимот „Слобода“ во тоа време беше во мода меѓу екстремните десничари во цела Европа, во прв ред благодарејќи на успехот на Австриската партија на слободата предводена од Јерг Хајдер.

Недоволно соочување со минатото

Шведскиот историчар Пер Рудлинг со години ги проучува историските причини за украинскиот национализам. „Учеството на украинските националисти во етничките чистења за време на Втората Светска Војна и нивните антисемитски и расистички ставови и натаму се негираат“, критикува историчарот. „Денешните украински националисти негуваат стари, историски мотиви но создаваат и нови“, заклучува Рудлинг.

А според проценката на политикологот Андреас Умланд од Киев: Многу Украинци актуелната влада ја доживуваат како анти-украинска, и затоа гласаат за радикална анти-владина партија“.