1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украина: Повеќе Русија помалку Брисел

ЕМФ/ард/дв21 ноември 2013

Украина ги стопира привремено подготовките околу Договорот за асоцијација со ЕУ, кој требаше да биде потпишан наредната недела на самит во Вилнус.

https://p.dw.com/p/1AM2k
Фотографија: AFP/Getty Images

Украинската Влада на својата интернет страница објави декрет со кој се стопираат привремено подготовките за Договорот за аосцијација со ЕУ. Таа предлага наместо договорот да биде основана Комисија со Русија и ЕУ за трговски прашања. За ваквата одлука се наведени три причини: мора да биде осигурана националната безбедност, треба да се заживеат повторно економските односи со Русија и домашниот пазар да се подготви за да биде на „рамниште на ЕУ“.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин и‘ се закани на Украина дека земјата ќе ги загуби трговските предности со Русија доколку го потпише договорот со ЕУ. Тој на Украина и на ЕУ им понуди разговори за последиците од ваков чекор. Таква средба, како што пренесува агенцијата Интерфакс, според желбата на Путин, би морала да се одржи пред потпишувањето на Договорот за асоцијација.

Karte Symbolbild Ukraine zwischen Russland und der EU Artikelbild
Украина меѓу ЕУ и РусијаФотографија: DW

Одлуката на украинската Влада за замрзнување на договорот со ЕУ дојде непосредно по одлуката на украинскиот парламент да не дозволи лекување надвор од земјата на поранешната премиерка Јулија Тимошенко и други затворени опозициони политичари. Тоа, пак, беше услов од ЕУ за да се потпише Договорот за асоцијација. ЕУ-државите бараат да биде ставен крај на политички мотивираната „селективна правда“ во Украина.

ЕУ реагираше веднаш на одлуката во Киев и стави јасно до знаење дека сака да го спаси договорот со Украина, кој е прв чекор во насока на членство во Унијата. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе има намера да отпатува на разговори во Киев уште неделава.

„Навистина сме решени да биде потпишан договорот и подготвени сме да и‘ помогнеме на Украина да го стори вистинското“, изјави портпарол на Филе.