1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украина – состојба

2 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag8O

Во борбата за моќ во Украина меѓу претседателот и прорускиот владин политички камп, која трае со месеци, претседателот Виктор Јушченко отпушти двајца судии на уставниот суд. Кабинетот на претседателот соопшти дека двајцата судии ја прекршиле нивната заклетва. Премиерот Виктор Јанукович и неговите сојузници во комунистичкиот блок ваквата одлука на Јушченко ја оценија како револт. Престедателот на почетокот на април го разреши парламентот , но одлуката не е почитувана од страна на владата и парламентарното мнозинство. Уставниот суд во моментов дискутира околу уставноста на одлуката на Јушченко.