1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Улиците на Барселона - модни писти!

Штефани Дрешер/ Александра Трајковска 16 јуни 2013

Барселона е магнет за креативните луѓе. Таму улиците и плоштадите брзо се претвораат во модни писти. Успешни се и младите модни дизајнери со нивните мали студија. Една од нив е Критциа Робустела.

https://p.dw.com/p/18mhu
Фотографија: Barcelona Turisme

Сеедно дали станува збор за спортски лежерeн, по малку светликав или модерен секојдневен изглед - модата игра голема улога во каталонскиот главен град Барселона.

Во Барри Готик, уметничката населба во центарот на градот, се отворија голем број мали бутици.

И Критциа Робустела овде веќе четири години има продавница и шивачка работилница. Кратко откако ги заврши студиите дизајнерката направи своја сопствена марка.

„На почетокот модата за мене беше поинаква форма за уметничко изразување. Но, тогаш забележав, дека модата е бизнис. Од оваа причина верувам дека модата претставува спој од уметност и бизнис и токму тоа луѓето го купуваат и носат“, вели Робустела.

Модата на Критциа Робустела е „откачена“, но може да се носи. Гламурозна, а сепак лежерна. Оваа дизајнерка сосема свесно ги користи спротиставеностите. Нејзината мода треба да биде забавна, кај луѓето да предизвика насмевка.

Таа прави спој на памучни и останати материјали како свила. На Критциа Робустела и’ е важно да изработува мода која може да се плати. Нејзината облека чини меѓу 30 и 200 евра по парче.

„Нашата марка ја дефинираме како ’Спорт делукс’, тоа значи мешавина од спортска облека, комбинирана со луксузни детали. Таа така добива модна црта и реагира на идејата 'Стрит стајл'. Еден новинар еднаш тоа го нарече 'Спорт делукс' и така се роди името“.

Мода за жени и мажи

Секоја година Критциа Робустела прави две колекции, меѓу нив многу уникатни парчиња. Облеката ја произведува во Барселона. Започна со колекција само за жени, но и многу мажи се интересираа за нејзината облека, ја купуваа и ја прекројуваа за себеси. Тоа беше поттик за неа да дизајнира и за мажи.

Passanten Gesellschaft Zensus
Фотографија: Fotolia/chris-m

Исто како и кај нејзината мода за жени, и кај машката облека покажува дека боите и шарите и' се предизвик.

„Детелите играат важна улога во моите колекции. Секој има друга тема. Темите воопшто се многу важни за мене, затоа се обидувам во мојата мода секоја тема да ја разјаснам преку мали детали. На пример, во принтовите и материјалите“.

Таа е инспирирана од животот, вели 28-годишната дизајнерка. Се' може да се обработи, или натамошно да се развие. Во Бар ри Готик и Ел Борн живее и работи креативната сцена на Барселона - за дизајнерката извор за нејзините идеи.

Барселона - инспирација за младите дизајнери

„Барселона ме инспирира, бидејќи во непосредна близина се планините и морето. Се движиш низ градот и откриваш многу работи за кратко време. Тука живеат толку многу луѓе од различни земји и различни делови на Шпанија, тоа прави да биде едноставно да се соработува. Фактот што сето е блиску едно до друго, за нас отвора многу можности“.

BdT Deutschland Mode Fashion Week in Berlin
Марката „Кусто Барселона“ ги прави жителите на градот особено гордиФотографија: AP

Недалеку од Барри Готик: шопинг улиците на Барселона, Ла Рамбла и Пасeјџ де Грациа. Овде големите шпански модни синџири имаат свои продавници.

Во Барселона особено се горди на марката „Кусто Барселона“. Силните бои и дрскиот дизајн го отсликуваат токму нивното животно чувство. Марката отскликува ексцентричен стил и во меѓувреме е позната и модерна и надвор од Шпанија.

„Мислам, дека жителите на Барселона сакаат облека во боја поради убавото време. Во однос на облеката има голема разлика меѓу Барселона и Мадрид. Во Мадрид луѓето многу повеќе внимаваат како изгледаат. Тоа што имаме плажа овде во Барселона го прави нашиот стил по малку хипи и не толку сериозен“.

Со толку опуштеност жителите на Барселона секоја улица ја претвораат во модна писта - а нивната мода привлекува погледи.