1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Улични борби во Каиро

24 јули 2011

Во судирите меѓу припадници на египетското демократско движење и приврзаниците на воената влада во Каиро повредени се најмалку 230 лица.

https://p.dw.com/p/122U8
Фотографија: picture alliance / dpa

До судирите дојде откако повеќе илјадници демонстранти сакале да стигнат до министерството за одбрана во главниот град, за таму да протестираат против политиката на преодната воена влада. Војниците се обиделе да го сопрат маршот со предупредувачки истрели, по што почнале да ги напаѓаат демонстрантите. Египетското демократско движење ја обвинува војската дека ги одолговлекува реформите на безбедносните сили и процесите против припадниците на режимот на поранешниот претседател Хосни Мубарак, кој беше симнат од власт во февруари.

Автор: ТТ/ЖА/дв

Редактор: Жана Ацеска