1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Улрих призна допинг со сопствената крв

АТ/ сид/ дпа22 јуни 2013

Долго време поранешниот германски велосипедист Јан Улрих не сакаше да проговри, но сега призна допинг со сопствената крв, со помош на лекарот Фуентес. Измама тоа не било, смета Улрих, оти се допингувала и конкуренцијата.

https://p.dw.com/p/18uNB
-
Фотографија: picture-alliance/augenklick

„Да, јас користев третмани на Фуентес“. Поранешниот победник на Тур де Франс Јан Улрих призна допинг со сопствената крв кај спорниот шпански спортски медицинар Еуфемијано Фуентес во Мадрид. 39-годишниот Улрих се произнесе во интервју за магазинот„Фокус“. На почетокот на 2012 година поранешниот професионален велосипедист веќе призна, дека имал контакт со шпанскиот лекар Фуентес. Спорд „Фокус“, Улрих сега тврди дека не користел други допинг средства, освен неговата сопсвена крв.

Неговиот некогашен ривал, Американецот Ленс Армстронг на почетокот на годината во телевизиска исповед призна дека со години се допингувал. „Јас не сум подобар од Армстронг, но не сум ниту полош. Некогашните големи јунаци денес се луѓе со скршеници, со кои мораат да излезат на крај“, се обидува да се оправда Улрих. „Од секогаш ми беше јасно дека и Ленс Армстронг нема да се извлече од тоа, дури и ако најверојано со години биде заштитуван од некоја институција или од светскиот сојуз“.

Frankreich Tour de France 2005: Basso Armstrong und Ullrich im Rennen
Достигнувањата на Улрих по мај 2005 беа поништени од Меѓународниот спортски судФотографија: picture-alliance/dpa

„Еднакви шанси со допинг“

Обвинувањата за измама Улрих меѓутоа и натаму ги отфрла. „Речиси секој тогаш користеше супстанции со кои можеше да се зголеми достигнувањето. Не сум земал ништо, што другите не го земале“, рече тој. „Измама за мене е тогаш, кога си создавам предност. Тоа не беше така. Јас сакав да имам еднакви шанси“.

Јан Улрих во февруари 2012 година беше прогласен за виновен од Меѓународниот спортски суд (CAS), поради кршење на правилата за анти-допиг. Поради вмешатност во аферата Фуентес тој доби ретроактивно, почнувајќи од август 2011 година, двегодишна забрана. Сите резултати кои ги постигна по 1. мај 2005 година му беа поништени.