1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уметноста на старите мајстори е инспирација за модерни тетоважи

Александер Длужак / Александра Трајковска14 февруари 2013

Тетовирањето во Германија е масовен феномен. Многу тетоважи досега наликуваа една на друга, направени по каталог. Младите уметници, инспирирани од старите уметнички дела, сега создаваат нова уметност на кожа.

https://p.dw.com/p/17Ylw
Фотографија: DW

Фигури на животни од книгата по природа, комбинирани со геометрички симболи. Овие дела предизвикуваат големо внимание кај љубителите на тетоважите и на уметноста.

Тие потекнуваат од Валентин Хирш, слободен уметник, чии гравури и цртежи со молив веќе можеа да се видат во познати галерии, како на пример виенската Куќа на уметниците. Веќе три години 34-годишниот Германец ја користи и кожата како платно за неговите дела.

„Уметничкиот предизвик е ист како кога работам на хартија, значи ставот е ист, има силен уметнички белег. Прецизноста и слободата ги имам за мене лично, со машина да го создадам на кожа она што го правам на хартија“.

Zeichnungen von Valentin Hirsch
Цртежи на Валентин ХиршФотографија: DW

Валентин Хирш работи во АКА, студио за тетовирање и уметничко ателје во Берлин. Тука се среќаваат луѓе кои се занимаваат со тетоважа од целиот свет, луѓе кои не се од браншата, кои порано биле уметници или дизајнери. Тоа ги привлекува муштериите, кои полагаат вредност на мотиви и кои не се мејнстрим.

„Постои доволно потенцијал, тоа што луѓето знаат дека можат да дојдат со нешто што е посебно или тие можат да очекуваат дека ќе добијат нешто посебно, исто така можат многу да полагаат и во рацете на оној што тетовира, кој впрочем има уметнички видици, дека ќе изработи комплексен нацрт“, вели Хирш.

Неговите дела прво ги црта на хартија, пред да ги пренесе на кожа. 100 евра наплатува за еден час работа. Една тетоважа чини околу 300 евра. Муштерии има во Берлин, но и во Лондон, Париз и Њујорк. Стилистички, Валентин Хирш се ориентира на поентилизмот, стилски првец кој настана во доцниот 19. век, кај кој неброени точки го отсликуваат мотивот.

Zeichnungen von Valentin Hirsch
Цртежи на Валентин ХиршФотографија: DW

„Потребно е време воопшто да се навлезе во овој мотив, но на еден сликар истото му се случува и кога работи на платно. Тој започнува некаде, некако нерамномерно да прави нешто дифузно, но потоа, колку повеќе се работи на тоа и се навлегува, станува се’ поинтензивно и постабилно, додека да се достигне точката, кога се чувствува дека е постигната целта“, вели младиот уметник.

Валентин Хирш припаѓа на една нова генерација луѓе во браншата, кои тетоважата ументички ја подигаат на високо ниво.

Тенденција, која се потврдува во тукушто објавената збирка „Forever - The New Tattoo". Разноликост, која се протега од ориентална орнаментика до акварел.

Исто и Французинката Мајра Бродски, која живее во Берлин, се ориентира на класичните епохи на историјата на уметноста. На пример, на југенд-стилот или на викторијанската епоха. „New traditional" го нарекува стилот на нејзините илустрации и тетоважи.

Zeichnungen von Myra Brodsky
Цртежи на Мајра БродскиФотографија: DW

„Јас сум екстремно инспирирана од старите мајстори, го сакам Ботичели, го сакам Рембрант, го сакам Рубенс. Тоа потоа го мешам со модерни работи. Секој месец го купувам Вог. Списанието го користам поради лицата на жените. Тие сите носат модерни работи, но јас потоа ним им облекувам нешто постаро, нешто што одговара на барокот, југенд-стилот, рококо или ренесансата. Тоа едноставно го облекувам на нив“, вели Бродски.

Пред половина година 25-годишната девојка го отвори студиото. Претходно, оваа графичарка по професија, работеше на реклами. Со нејзиниот стил се обраќа на клиенти кои порано не така безусловно влегувале во студио за тетовирање. Станува збор за лекари и адвокати, но и студенти по дизајн, како на пример - Роберт Клајншмит.

„Значи нејзините дела ме потсетуваат многу на југенд-стилот и линиите се многу убави. Исто така и динамиката на косата ми се допаѓа“, вели тој.

Zeichnungen von Myra Brodsky
Цртежи на Мајра БродскиФотографија: DW

Во тренд се и апстрактни мотиви. На пример, минималистички графики, или тетоважи во стилот на детски цртежи. Телесен накит како израз на нова желба за експериментирање.

„Во моментов, трендот е таков, што воопшто не се размислува сериозно, дека тоа треба да остане засекогаш, туку едноставно имам желба да го направам тоа и го правам,“ вели Хирш.

Повеќето муштерии сепак бираат стил кој е вонвременски. Кај тетоважите имено, модните гревови не може така лесно да се корегираат.