1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уметност со селотејп во Амстердам

Хендрик Велинг/ Александра Трајковска 13 јуни 2012

Го воодушевуваат Хемингвеј, Стајнберг или Селинџер, а уметност никогаш не студирал, но Макс Цорн сепак е уметник: од обичен сеплотејп прави налепници и големи слики кои веќе го привлекоа вниманието на галеристите.

https://p.dw.com/p/155Eg
Фотографија: DW

Tape-Art на Макс Цорн - потребно е светло за оваа уметнсот да дојде до израз. Обвиткан во ноќта уметникот тргнува на својот пат. Омилено место за неговите слики му се уличните светилки на неговиот роден град Амстердам.

Макс Цорн работи под неговото вистиснко име, но не сака да го препознаваат, оти од правен аспект неговите уметнички ацкии се сметаат за нанесување на материјална штета.

„За мене тоа е можност да го оставам мојот отпечаток од прст на места, кои многу ги сакам. Некои своите скици ги резбаат во дрва. Јас ги закачувам моите слики. И очигледно навечер тоа навистина изгледа многу убаво“.

Макс Цорн за своите дела не употребува ништо друго освен сосема обичен широк селотејп.

Слој по слој 30 годишниот уметник ја облепува плочата од плексиглас. Секој поединечен слој го сече, се’ додека од предметот кој го користиме во секојдневието не стане уметност.

„Селотејпот во уметноста е повеќе необичен материјал. Но, со него може да се постигне неверојатно влијание кога се комбинира со светлина. Како што може да се види различните слоеви селотејп создаваат несекојдневна длабочина, со која добро работам.“

Сликите на Макс Цорн ги има низ цел Амстердам. Така и пред неговото студио. Се’ што му е потребно за да работи е прозорец и светлина. Пред една година тој започна да експериментира со селотејп. До денес создаде околу 150 дела. Од мали налепници до слики со димезии метар на метар и четириесет.

„Како што може да се види, светлината е многу важна. Без неа ова е само парче плексиглас со кафеав селотејп над него. Дури кога ќе се стави пред извор на светлина, селотејпот го развива неговото магично дејство“.

Schuldenkrise in Europa Regierungswechsel Niederlande
Фотографија: DW

Макс Цорн никогаш не студирал уметност. Ефектот кој го предизвикува светлината на селотејпот го открил случајно, и забележал дека црвенкасто-кафеавиот тон многу добро одговара на неговите омилени мотиви.

„Секогаш бев воодушевен од автори од т.н. ’Lost Generation’, како на пример Хемингвеј, Стајнберг или Селинџер, од начинот како тие нивните фигури ги скицираат како скршени карактери, кои одат по тенката линија меѓу славата и пропаста“.

Сликите на Макс Цорн во меѓувреме можат да се видат на улиците во многу европски градови. На тој начин поранешниот студент по социологија и психологија го привлече вниманието на галериите и колекционерите. За неговите големи формати денеска се плаќаат до 2.500 евра.

„Во моментов работам по чувство. Не сакам да правам петгодишни планови, туку едноставно сум спонтан. Она што со задоволство и понатаму сакам да го правам е да патувам, да среќавам луѓе и да соработувам со други уметници. И, едноставно да уживам и да го правам токму она што сакам.“

Најрадо Макс Цорн работи на улица. Преку интернет повика неговите налепници да се лепат насекаде во светот.

„Тоа е добар пример за уметноста на налепниците, кои им ги испратив на луѓе во целиот свет. Тие се пријавија и на тој начин можам да ја проширувам мојата улична уметност. Луѓето имаат слобода да ги лепат на уличните лампи ширум глобусот - на Хаваи, во Лос Анџелес, во Аргентина или во Јапонија. Од каде и да се јават“.

Макс Цорн се надева дека неговите многуслојни слики и натаму ќе ги красат улиците во многу земји.