1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

170112 Ungarn EU

17 јануари 2012

Комисијата на ЕУ треба да донесе одлука дали ќе поведе постапка поради кршење на европските договори од страна на десно конзервативната влада на Унгарија. Премиерот Орбан до сега не покажа иницијатива да повлече закони.

https://p.dw.com/p/13kfD
Унгарскиот премиер Виктор ОрбанФотографија: dapd

Иако е притиснат до ѕид, премиерот Виктор Орбан во интервјуата ги држи сите опции отворени. Што ќе стори ако Комисијата на ЕУ навистина отвори постапка против Унгарија за прекршување на договорите? Дали е подготвен да ги повлече спорните законски регулативи? Да и сепак не, е одговорот на премиерот:

„Главна тема е законот за Централната банка. За ова Европската унија наведе правни аргументи, а не само сопствени политички гледишта. Аргументи кои ги прифаќаме, така што не гледам причина, истите да не ги признаеме. Меѓутоа има аргументи кои се далеку од нашите претстави“.

EU-Fahne vor dem Ratsgebäude in Brüssel
Европската комисија на потег...Фотографија: picture-alliance/ dpa

За другите точки изложени на критика од ЕУ, Орбан уште однапред е малку волен за разговор. На пример реформата на правосудниот систем. Старосната граница за пензија на судиите прво треба да биде намалена, но за две години повторно зголемена. Во Брисел се стравува дека оваа мерка служи само за тоа, властите да се ослободат од несаканите правници. Коментарот на Викотор Орбан:

„Во однос на судиите, ЕУ нема компетенции. Тое е работа на Унгарија. Старосната граница за пензија се чини дека е спорно прашање. Притоа ЕУ е таа која бара транспарентни и јасни правила за пензионирање. А тие ги има во Унгарија“.

Орбан не е подготвен на многу отстапки

Унгарскиот премиер смета дека не е оправдана ниту критиката на Комисијата на ЕУ за изборот на новиот одговорен ополномоштеник за заштита на податоците. И натаму важи, вели Орбан дека за ваквите прашања не се бара политичко мислење, туку сигурни аргументи:

„Кај темата заштита на податоците се работи за саботажа. Есента наново ја регулиравме функцијата и компетенциите на ополномоштеникот за заштита на податоците. Тогашниот извршител на функцијата повеќепати протестираше против тоа. Затоа не го прашавме дали сака да ја преземе службата, туку баравме негов наследник. За тоа се приговараше, и тоа ќе го разјасниме“.

Symbolbild Finanzkrise in Ungarn
Унгарија е соочена со економска кризаФотографија: picture alliance/chromorange

Унгарија ризикува блокирање на финансиската помош

Како последица од отворање на постапката за прекршување на европските договори би можеле да бидат блокирани итно неопходните пари од регуларните програми за структурно унапредување на ЕУ за Унгарија. Но пред се’ уште пред да почнат се заканува пропаѓање на преговорите за заедничката програма за помош на ЕУ и ММФ, тешка милијарди. Во таков случај Унгарија најдоцна на пролет ќе биде платежно неспособна. Но каква е стратегијата на Орбан? Најверојанто се надева дека барањата на ЕУ ќе бидат помали од првичната формулација по деталната правна проверка, смета политикологот Золтан Кизели:

„Будимпешта чека, Комисијата сосема прецизно да каже, тој и тој параграф според наше гледиште е спротивен на европските регулативи. Такво нешто се случи со законот за медиуми. Многу работи беа критикувани, но на крајот Комисијата приговараше за три конкретни точки, кои ги кршат правните определби на ЕУ во однос на правилата во областа на аудио и визуелните медиуми. Будимпешта ги смени тие конкретни точки“.

Меѓутоа ова е ризична игра. Унгарската влада одамна ја изигра меѓународната доверба. Дома, многумина избирачи од 2010-та година во меѓувреме се разочарини од владејчаката Фидес партија.

Автор: Јерг Пас/ Александра Трајковска

Редактор: Ж.Ацеска