1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уништени документи - големи пропусти на германските истражни органи

АТ/ дв/ афп/ ард28 јуни 2012

Службата за заштита на уставот уништила документи кои биле повразани со неонацистичкото трио НСУ, откако беа обелоденети нивните активности. Министерот за внатрешни работи бара целосно расветлување.

https://p.dw.com/p/15Nb1
Фотографија: dapd

Службата за заштита на уставот, според наводи на истражната комисија на Бундестагот, уништила документи околу случајот со неонацистичката ќелија, откако тројцата десни екстремисти од терористичката група НСУ беа откриени. Ова претседателот на Службата за заштита на уставот Хајнц Фром му го соопштил на сојузното Министерство за внатрешни работи, тврдат членови на истражната комисија на парламентот.

Според информацијатa, истражителите на 11 ноември 2011 година требало да состават акти за т.н. „Операција Рензинг“ за работата на сојузното обвинителство, а наместо тоа актите истиот ден се уништени. При „Операцијата Рензинг“ станува збор за соработката на Службата за заштита на уставот со десноекстремната група „Заштита на татковината од Тирингија“, од која произлезе НСУ.

Сојузната служба за заштита на уставот, според сопствени наводи, работи под полна пареа, да ја реконструира содржината на уништените документи. Службата за заштита на уставот во меѓувреме отвори и интерна истрага. Против еден раководител на одговорните служби е покрената дисциплинска постапка. Службеникот мора да појасни зошто во номеври 2011 година ги следел упатствата за уништување на седум докуметни со информации за десните екстремисти од Тирингија. Повеќе месеци тој му премолчал на раководството на службата дека документите биле уништени само неколку денови по обелоденувањето на неонацистичката серија убиства.

Претседателот на Сојузната криминалистичка служба Јерг Цирке призна дека се направени тешки грешки во текот на истрагата околу терористичката група НСУ од Цвикау.

Германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих во меѓувреме му наложи на претседателот на Службата за заштита на уставот Хајнц Фром целосно да биде расветлен овој инцидент.