1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ураганот „Сенди“ беснее на Јамајка и Куба

ЖА/дв/дпа/афп25 октомври 2012

По пустошењето на карипскиот остров Јамајка, ураганот „Сенди“ стигна до источниот дел од Куба. Поради невремето сигнал за аларм е даден и на Бахамите.

https://p.dw.com/p/16W2g
Фотографија: Reuters

Ураганот „Сенди“ стигна до брегот на Куба, откако претходно опустоши големи делови на Јамајка. Ветрот со движеше со брзина од 135 километри на час, проследен со обилни врнежи од дожд. На овој остров еден човек почина откако дел од карпа паднала врз неговата куќа, а претходно поради бурата загина и една жена. „Сенди“ уништи голем дел од електричната мрежа, корнеше дрвја и однесе мостови, а предизвика и големи лизгања на земјиштето. Поплавите во населените места донесоа и голем број крокодили од мочуриштата. Властите ги затворија сите аеродроми на островот и воведоа 48-часовна забрана за напуштање на домовите во неколкуте поголеми градови.

На Куба, во шест провинции е прогласена вонредна состојба поради природан непогода. Евакуирани се две илјади луѓе. Утре (26.10) и задутре се очекува „Сенди“ да стигне до Бахамските острови.

Метеоролозите предвидуваат можно движење на Сенди и кон американската сојузна држава Флорида.